Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје

На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со скалпер се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага против 25-годишник од тетовско Боговиње кој е осомничен дека сторил две кривични дела „разбојништво“.

На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со скалпер се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.

На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар “Лептокарија”, заканувајќи се со скалперот на еден вработен, одзел 80.250 денари.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Путин не е цар на православието и не придонел за постоењето на Македонија

Објава на Фејсбук му го честита 72-от роденден на рускиот претседател Путин, тврдејќи дека без него дури не би постоела Македонија, па дури ни православието, чиј лидер или цар...