Укинат куќниот притвор на Ендру Тејт во Романија

Во обвинението се вели дека браќата Тејт заедно со уште две романски соработнички во 2021 година формирале организирана криминална група за трговија со луѓе во Романија и во други земји

-

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт е ослободен од домашен притвор во Романија, додека го очекува судењето за обвиненијата за силување и трговија со луѓе.

Ендру Тејт и неговиот брат Тристан беа уапсени во декември, додека обвинение против нив беше поведено во јуни. Двајцата ги негираат обвиненијата.

Како што пишува Би-би-си, браќата Тејт сега може слободно да се движат низ главниот град Букурешт и локалната област Илфов каде што живеат. Тие мора да се пријават во полиција кога тоа ќе биде побарано од нив и да ја информираат полицијата за секоја промена на адресата.

Истовремено, забрането им е да контактираат со двете романски соработнички кои исто така се обвинети, со сведоците или со наводните жртви и нивните семејства.

Прекршувањето на овие правила може да доведе до нивно враќање во куќен или превентивен притвор.

Ендру и Тристан Тејт беа уапсени во нивниот дом во Романија во декември, а три месеци подоцна добија домашен притвор.

Во обвинението против нив се вели дека браќата заедно со уште две романски соработнички во 2021 година формирале организирана криминална група за трговија со луѓе во Романија и во други земји како САД и Обединетото Кралство.

Во обвинението се спомнуваат седум наводни жртви за кои се вели дека биле регрутирани од браќата Тејт преку лажни ветувања за љубов и брак.

„Четворицата осомничени се чини дека создале организирана криминална група со цел да регрутираат, вдомат и искористат жени, принудувајќи ги да создаваат порнографска содржина наменета да се види на специјализирани интернет-сајтови за одреден трошок“, рекоа романските обвинители кога беше приведен инфлуенсерот.

Ендру Тејт во моментов има забрана за пристап на Јутјуб, Фејсбук, Инстаграм и ТиктТок.

Тинејџери од Романија раскажуваат како им пристапил контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт

ТикТок и руската кампања за мешање во романските избори

Никој не можеше да ги превиди резултатите од првиот круг на претседателски избори во Романија, каде независниот кандидат Калин Георгеску освои 23 отсто од гласовите. Но, токму заради овие резултати никој...

[Интервју] Фидиас Панајоту: Како млади да ја преземеме иднината во свои раце, подобро од возрасните разбираме како се развива светот

Порталб.мк подготви поинакво интервју од Европскиот парламент во Стразбур, каде разговараше со најинтересните европратеници. Еден од нив има 24 години и доаѓа од Кипар. Тој е инфлуенсер и јутјубер со над...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

ТикТок и руската кампања за мешање во романските избори

Никој не можеше да ги превиди резултатите од првиот круг на претседателски избори во Романија, каде независниот кандидат Калин Георгеску освои 23 отсто од гласовите. Но, токму заради овие...