fbpx

УЈП ќе го поедноставува поднесувањето годишни даночни пријави

-

Управата за јавни приходи (УЈП) најавува дека ќе го поедностави системот за поднесување годишни даночни пријави и понатаму оваа инстутуција тоа ќе го прави електронски.

Од УЈП неодамна информираа дека работат на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход, што значи поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на данокот.

– Земајќи предвид дека новините и даночните реформи во голема мера ќе го изменат и досегашниот начин на пресметка, пријавување и на плаќање на персоналниот данок од страна на фирмите, граѓаните и на сметководствените бироа, Управата, од август 2017 година, ќе почне активности за вклучување на сите засегнати страни (фокус-групи) во процесот на креирање и на тестирање на даночните услуги од новиот систем е-персонален данок – пишува на веб-страницата на УЈП.

Од УЈП сметаат дека на овој начин ќе се овозможи намалување на административните трошоци и поедноставување на постапките за пријавување, поднесување пресметки и плаќање на персоналниот данок од страна на граѓаните и на правните лица.

Проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на персоналниот данок е финансиран од ИПА-фондовите во вредност од 93.730 евра и од буџетот во вредност од 574.800 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...