fbpx

За луксузни возила и оние што повеќе загадуваат ќе се плаќаат повисоки давачки при увоз

Од централната власт велат дека зголемените давачки за увоз на дел од возилата се во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови

-

Владата на денешната седница усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, информираат од владината прес-служба.

Повисоки даноци при увозот ќе се плаќаат за луксузните возила, како и за оние постари возила што повеќе го загадуваат воздухот.

Од централната власт велат дека зголемените давачки за увоз на дел од возилата се во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови, како и усогласување со најновите ЕУ стандарди.

„Новата метода, која се заснова на мерење емисијата на издувни СО2 гасови во реална околина, претставува глобално усогласена постапка за испитување на нивото на емисија на јаглерод диоксид од моторните возила која е во задолжителна примена во ЕУ за сите новопроизведени возила од 2022 година, а истата овозможува подиректно поврзување на данокот на моторни возила со негативните екстерналии предизвикани од емисијата на CO₂ од возилата“, се вели во владиното соопштение.

Со пропишувањето на оваа метода во земјава се овозможува новите патнички моторни возила да бидат соодветно оданочени, и тоа согласно вредностите на просечната емисија на јаглерод диоксид изразени во потврдата за сообразност за ЕУ одобрување на возилото.

Инаку, минатата недела вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи изјави дека со владината одлука нема да има зголемување на даноците на возилата, освен за луксузните возила и за оние возила кои испуштаат поголем процент на јаглерод диоксид.

Ако владата не реагира, канти од возила ќе почнат да пристигнуваат и од соседството?

Од Владата денеска објаснуваат дека целта на зајакнатото оданочување на луксузните возила и на многу старите возила при увоз во земјава е да се поттикнат граѓаните и компаниите да инвестираат во набавка на возила кои исполнуваат повисоки еколошки стандарди, без оглед дали станува збор за набавка на нови или половни возила, и со тоа да дадат придонес кон декарбонизација на транспортот во земјата и намалување на загадувањето на воздухот.

„Согласно податоците со кои располага Царинската управа за увоз на патнички автомобили во земјава, новата Уредба нема да има негативно финансиско влијание кај купувачите на нови возила, освен за оние возила кои спаѓаат во категоријата на луксузни или т.н. премиум возила. Напротив, се очекува новата Уредба да изврши надолен притисок врз продажните цени на новите возила од ниска или средна класа“, информираат од владата.

И кај половните автомобили, негативно финансиско влијание може да се забележи кај возилата од полуксузните категории, како и кај многу старите возила.

„И во двата случаја – при набавка на нови или половни возила, Уредбата ќе се ефектуира врз износот на данокот на моторни возила кај возилата кои спаѓаат во групата на најголеми загадувачи со високи емисии на издувни СО2 гасови, а кои во земјава се увезуваат во помал број“, велат од владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...