Ученици од Америка ги израдуваа учениците од училиштето „Братство“ со новогодишни подароци

Фото. Мета.мк

По иницијатива на нивната учителка Вивиен Мусли, учениците на Албанско-американскиот културен центар „Ривердејл“ испратија новогодишни подароци на децата од основното училиште „Братство“ во Скопје. Покрај подароците за кои издвојувале од својот џепарлак, тие испратија и порака дека се возбудени затоа што сега ќе имаат нови другарчиња преку океанот.

Фото: мета.мк

„Се надевме дека ќе придонесеме децата да ја прослават новата година. Нашето одделение е многу возбудено дека сега има пријатели преку океанот. Вредноста на образованието е нагласена во нашето одделение, но исто така и создавање на позитивни влијанија. Се надеваме дека овој скромен гест ќе ги израдува нашите нови другарчиња“, порачаа децата од „Ривердејл“.

Во знак на благодарност, учениците од албанските и македонските паралелки во училиштето „Братство“ кои ги добија подароците, изработија постер и честитки кои во „Ривердејл“ ќе ги однесе учителката Мемнуне.

Таа нагласи дека ова не е прва ваква иницијатива што ја организираат учениците од Ривердејл, а нејзе и била огромна чест што лично можела да ги донесе подароците и лично да ја доживее радоста на децата. Таа рече дека во следна прилика повторно ќе ги посети учениците од ООУ „Братство“.

Учителките од „Братство“ исто така возвратија со новогодишна честитка. „Со вашето внимание направивте да почувструваме како да сте близу до нас, близу до вашите другарчиња. Границите и далечината не постојат кога има љубов меѓу децата. Ви посакуваме среќна Нова Година“, порача Мерсиe, учителка на децата од четврто одделение.