fbpx

Убиени 25 затвореници при немири во затвор во Бразил

-

Најмалку 25 затвореници се убиени во затвор на североистокот на Бразил при судир на две ривалски банди.

Како што јавуваат локалните медиуми, на шест од убиените им е отсечена главата, а телата им се запалени.

За време на судирот во затворот во бразилскиот град Боа Виста, повеќе од 100 членови на семејствата на затворениците се земени како заложници, од кои повеќето жени, но подоцна полицијата ги ослободила.

Судирите почнале кога членови на еден криминален клан отишле во затворско крило кое под контрола на друг клан.

Претставниците на градот Боа Виста засега не се достапни за коментар.

Затворските тепачки и бунтови се чести во Бразил затоа што затворите се преполни, а критиките на разните организации за човекови права се сè погласни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...