fbpx

„Уан дајрекшн“ доминираа на Американските музички награди

-

Машката тинејџерска музичка атракција „Уан дајрекшн“ ја доби наградата за артист на годината на 42. Американски музички награди, што синоќа се одржаа во театарот „Нокиа“ во Лос Анџелес.

Конкуренцијата во таа категорија беше голема со Иги Азалеја, Бијонсе, Лук Брајан, Еминем, Џон Леџенд, Лорд, Кејти Пери и Фарел Вилијамс како дел од номинираните. „Уан дајрекшн“ добија уште две награди, за омилена поп-рокерска група и омилен поп-рокерски албум.

Сам Смит ја освои наградата за омилен машки изведувач, а за омилена женска изведувачка, наградена е пејачката Кејти Пери, која за песната „Dark horse“ ја освои и наградата песна на годината.

Иги Азалеја беше прогласена за омилен изведувач во категоријата рап и хип-хоп и доби награда за омилен албум во истата категорија, победувајќи ги Еминем и Дрејк. За најдобар машки изведувач во категоријата соул и аренби е прогласен Џон Леџенд, а во женска категорија оваа награда ја зеде Бијонсе. Келвин Харис е најдобар изведувач на електронска музика, а Енрике Иглесијас најдобар латино-изведувач.

Тејлор Свифт ја доби наградата „Дик Кларк“ за особен придонес во музиката, која ѝ ја додели Дајана Рос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...