fbpx

Се чистеше Паркот на франкофонијата

-

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Центар, Андреј Жерновски, и директорите на јавните градски претпријатија, денеска присуствуваа на акција за чистење во општина Центар, во Паркот на франкофонијата.

Оваа акција во општината Центар е дел од единаесеттиот циклус посети на Град Скопје на општините и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, изјави дека како градоначалници се избрани за да соработуваат во насока на подобрување на квалитетот на живот во Центар и дека средбите со урбаните заедници се добар начин за продлабочување на таа соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...