fbpx

Туск: Никој не сака да ѝ помогне на Европа со бегалците

-

Турција проценува дека уште околу три милиони бегалци би можеле да стигнат во Европа од сирискиот град Апело и од околината, а на „Европа никоја не планира да ѝ помогне“, рече претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск.
Турција ја предупреди ЕУ на голем број потенцијални бегалци од Сирија, додека земјите од Унијата веќе се борат со најголемата бегалска криза во последните неколку децении.

– Денес милиони потенцијални бегалци и мигранти сонуваат за Европа, а светот околу нас нема намера да ѝ помогне на Европа. Некои од соседите на ЕУ со задоволство ги гледаат нашите неволји – рече Туск во обраќањето пред европратениците.

Туск изрази жалење што речиси сите се приклучиле кон хорското критикување на политиката на ЕУ кон бегалците и оцени дека разнишан е угледот на ЕУ поради неможноста земјите-членки на најдат заедничко решение.

– Кога ги слушате сите критики, можете да помислите дека Европа е најлошото место на светот за бегалците, а не дека сите луѓе доаѓаат кај нас поради тоа што мислат дека тука ќе бидат побезбедни отколку на кое било друго место – рече Туск.
Претседателот на Советот на Европа констатирал дека наскоро теократите ќе почнат да ѝ проповедаат на Европа што значи верска толеранција и како да се поттикне.

– Наскоро диктаторите ќе почнат да ни држат предавања за тоа што е демократија, всушност, тие веќе и го прават тоа – рече претседателот на Советот на Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...