fbpx

Турција ја обвини Исламска држава за самоубиствениот бомбашки напад

-

Министерството за внатрешни работи на Турција бомбашот самоубиец во Истанбул го идентификуваше како милитант поврзан со Исламска држава.

Министерот Ефкан Ала денеска изјави дека бомбашот е идентификуван како Мехмед Озтурк – турски државјанин, роден 1992 година во јужниот турски град Газиантеб.

Пет други осомничени се уапсени под сомненија за поврзаност со нападот на 19 март, кога бомбашот се самоуби, при што загинаа четри лица во главната трговска област во центарот на градот.

Најмалку 36 луѓе се повредени.

Ала рече дека човекот не бил на листата на барани лица, бранејќи ги властите од обвинувањата за пропусти во безбедноста откако од јули минатата година се случија шест големи напади во кои загинаа повеќе од 200 луѓе во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...