fbpx

Евклид Цакалотос, нов министер за финансии на Грција

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре заминува во Брисел со поддршка од мнозинството грчки политички сили за постигнување одржлив договор. Заедничката декларација што ја потпишаа лидерите на ПАСОК, Нова демократија, Река и на Независни Грци и грчката влада ја обврзува владата да не дозволи чекори што ќе ја загрозат европската перспектива на државата.

Во декларацијата се истакнува согласноста на сите дека исходот од референдумот не е народна волја за раздор и за излез од еврозоната, туку наредба за постигнување општествено праведно и економски одржлив договор, поради што владата ќе продолжи со преговорите. Заедничка цел е решение што ќе ги покрие финансиските потреби на државата, кое ќе понуди кредибилни реформи за економски развој, решение со силна развојна програма за намалување на невработеноста и развој на претприемништвото. Грчките лидери бараат и почеток на разговори за одржливоста на грчкиот долг.

Пред европските лидери и министри за финансии, утре Грција ќе претстави нов пакет со идеи, заснован на минатонеделните предлози на првиот човек на Комисијата, Жан-Клод Јункер, заедно со неколку грчки сугестии за нивно изменување и со нови предлози. Премиерот Ципрас, по денешните чекори, како лидерската средба и менувањето на министрот за финансии, Јанис Варуфакис, кој беше трн во европското око, при разговорот со канцеларката Ангела Меркел побара ЕУ да покаже слух за волјата на грчкиот народ. Покрај Ципрас, од утре официјално борбата за новиот европски договор ќе ја води досегашниот заменик-министер за надворешни работи, Евклид Цакалотос, наследникот на Јанис Варуфакис, кој изутринава си даде оставка. Цакалотос се смета за покредибилен преговарач, кој има поповолна позиција во европските кругови. Тој ќе биде седмиот министер за финансии во последниве пет години откако Грција е во економска криза.

Чекорите на грчката влада влеваат оптимизам декa, можеби, државата ќе успее да постигне договор за нови реформи наместо да се соочи со ризично исклучување од еврозоната.

Во исчекување на одлуката од европските лидери, во Грција и оваа недела продолжува мерката за бесплатен јавен транспорт за граѓаните. Оваа најава дојде паралелно со информација од агенцијата „Ројтерс“ дека владата подготвува декларација, со која ќе најави дека банките и оваа недела остануваат затворени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...