fbpx

Три бомбашки напади во Либија

-

Во три бомбашки напади што се извршени денеска во градот Ал Кубах, источно од Бенгази, Либија, убиени се најмалку 25 лица, а 30 се повредени.

Бомбите експлодирале на една бензиска станица, во локална полициска станица и во куќата во која живее спикерот на либискиот Парламент, Агила Салех.

Во изјава за телевизијата „Ал Арабија“ Салех изјави дека нападите во градот, најверојатно, претствауваат одмазда на џихадистите од Исламска држава (ИД) за нападите што египетската авијација ги изврши врз позициите на оваа милитантна исламистичка група, во градот Дерна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...