fbpx

Бројката на загинати во поплавите во Либија се искачи на над 5.300 луѓе

Меѓународната организација за миграција соопшти дека смртоносните поплави што ја погодија источна Либија раселиле повеќе од 30.000 луѓе

-

Повеќе од 5.300 луѓе загинаа по поплавите во либискиот град Дерна, пренесува Би-би-си. 

Силните поплави пукнале две брани во источниот крајбрежен град и со земја срамниле домови. Улиците се покриени со кал, урнатини и превртени возила.

Меѓународната организација за миграција соопшти дека смртоносните поплави што ја погодија источна Либија раселиле повеќе од 30.000 луѓе. Агенцијата на ОН соопшти дека најмалку 30.000 од раселените се од градот Дерна, а уште илјадници од други области, вклучително и Бенгази.

Мртовечниците во Дерна се преполни, изјавил портпаролот на Службата за итни случаи во Либија.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во средата објавија дека ситуацијата во Дерна е многу лоша и дека е потребна меѓународна поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...