fbpx

Револтирани граѓани се собираат пред Владата

-

Сè повеќе граѓани се приклучуваат на спонтаниот протест пред Владата на Република Македонија. Насобраните велат дека се таму за да ги искажат револтот и згрозеноста од она што го чуле на снимките што денеска на прес-конфенреција ги презентираше Зоран Заев, лидетор на СДСМ.

Тие додаваат дека не се таму да бранат никого, туку дека биле шокирани од однесувањето на лицата што се на аудиоснимките и ги повикуваат и оние кои минуваат со автомобили да им се приклучат.

На заштитната ограда се закачени транспаренти на кои е испишано „убијци“, „садисти“ и „психопати“.

Блокирана е и едната лента од булеварот Илинден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...