fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно одработува за странски центри

-

Зоран Заев и денеска свесно продолжи да одработува за странските центри и за нивните агентури во земјава, на директна штета на интересите на Република Македонија и на нејзините граѓани, стои во реакцијата на  ВМРО-ДПМНЕ по повод прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Зоран Заев со секој негов чекор без дилема потврдува дека креираните материјали кој ги употребува се креирани во соработка со странски центри, а тој е инструмент во спроведувањето на нивното сценарио. СДСМ и Зоран Заев не можат да бидат конкурентни со програма, проекти и идеи корисни за граѓаните, туку единствено се добри кога станува збор за исполнување туѓи агенди кои се штетни за сопствената држава. Заев веќе подолго време е дел од ова смислено сценарио, тој беше човек кој јавно соопштуваше дека целата држава треба да ја свитка „кичмата“, кој по СМС-пораки и писма информираше дека на власт ќе го донесат пријателите од странство, со свое јавно признание пред премиерот кому му потврдил дека креираните материјали се од странски служби“, се вели во реакцијата.

Целта на нивното сценарио е проѕирна, велат од партијата, и додаваат дека раководните кадри на СДСМ, со своето несмасно постапување со овој случај, се доведуваат во ситуација да влезат во серија противречности и од минута во минута се демантираат самите себеси.

„Зоран Заев во своето обраќање на прес-конференции искажа еден куп лаги, конструкции и невистинити квалификации, кои се во функција на остварување на сценарио за разнебитување на државата, за да дојде на власт без да ја има довербата од граѓаните. Заев нека продолжи да се занимава со одработување на туѓи сценариа, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за реалните потреби на граѓаните, да спроведува проекти и програма што ќе го подобрат нивното секојдневие. Тоа е разликата и таа разлика граѓаните ја препознаваат на избори“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...