Тендер за реконструкција на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес

-

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за рехабилитација со проширување на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес. Со зафатот ќе се реконструира и прошири левата коловозна лента во должина од 5,18 километри, ќе се обнови асфалтот на десната коловозна лента во должина од 4,75 километри и ќе се прошири постојната десна коловозна лента во должина од 820 метри.

„Левата и десната коловозна лента треба да бидат проширени на ниво на автопат со ширина од 10,75 метри“, се наведува во тендерската документација.

Градежните компании ќе имаат рок до 22 април за да ги поднесат своите понуди за учество во тендерската постапка, а финансиските средства за реализација на зафатот се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Автопатот Скопје – Велес – Скопје е еден од најфреквентите патишта во нашата земја. По делницата Петровец – Велес лани минувале во просек по 14.931 возила дневно и истиот е петти најфреквентен пат во Македонија.

Возачите веќе подолго време реаагираат кај надлежните власти бидејќи плаќаат патарина за користење на овој автопат, а за возврат добиваат патување по нереконструиран коловоз и дупки на патот, одрони на дел од патот, недоволно осветлување и одржување на патот во зимските месеци. Граѓаните најмногу се жалат токму на дупките на автопатот меѓу Петровец и Катланово, како и на одроните на патот што се појавуваат во двата правци меѓу Скопје и Велес.

Одговорни за одржување на автопатската делница Скопје – Велес – Скопје се ЈП „Македонија – пат“, кои до денешен ден немаат одговорено на поставените прашања на „Мета.мк“ во врска со нивниот ангажман што го вложиле во одржувањето на овој автопат.

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина или дезинформација,...

Трамп планира да потпише околу 100 извршни наредби по инагурацијата

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише околу 100 извршни наредби во рок од неколку часа по преземањето на функцијата, пренесува Њујорк Тајмс. Активности што ќе започнат во близина на местото...

АНАЛИЗА: Кредити на државата во 2025

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Од надвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти. И годинава...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска...

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина...