Таравари: Сè уште немаме долгорочно и сигурно решение за хируршките клиники

Ми треба време од неколку дена за да донесам одлука, дали ќе одиме на брзо решавање на проблемот со отворање на нова набавка и инсталирање на комплетно нов систем или ќе може овој да се поправи, кажа Таравари откако ја презеде функцијата министер за здравство

-

Оперативниот програм во хируршките клиники е редуциран, има многу помалку операции во споредба со периодот кога работеше централниот компресивен систем. Но, сепак сè функцонира. Немаме сè уште долгорочно и сигурно решение.

Ова го изјави денеска новоназначениот министер за здравство Арбен Таравари, на влезот на хируршките клиники, откако претходно ги посети салите на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Тој денеска ја презеде министерската позиција во Министерството за здравство.

На новинарско прашање, дали има пари за набавка на нова компресорска станица, тој кажа дека поминале само два часа откако ја презел функцијата и не може да даде конкретен одговор.

„Директорите не ме информираа дали во изминатите недели имало проблеми. Во период од 30 минути се видов со 6-7 директори, по пет минути имав време да се видам со секој од нив. Ми треба време од неколку дена за да донесам одлука, дали ќе одиме на брзо решавање на проблемот со отворање на нова набавка и инсталирање на комплетно нов систем или ќе може овој да се поправи. Се надевам до петок ќе ви кажам каква одлука ќе донесеме. Не треба да брзаме, се работи за човечки животи. Подобро да бидеме внимателни оти огромен број пацциенти со сериозни болести тука се лекуваат“, рече Таравари.

Директорите на неколку клиники и директори на општите служби, денеска го информираа Таравари за дисфункионалноста на компресорите.

„Во некои нема мирис никаков, а во одредени клиники, посебно во абдоминална хирургија има мирис и затоа анестезиолозите не дозволуваат да функционираат со централниоот компресивен систем. Очекувам извештај од испитувањата кои се направени, па се надевам дека што побрзо ќе го решиме проблемот“, рече тој.

Тој додаде дека стручните служби го информирале дека за инсталирање нова станица потребни се шест месеци, но рече дека прво ќе се види дали постоечката ќе може да се поправи.

Прашан за разрешувањето на економските директори на клиниките, Таравари информира дека веќе денеска некои од нив се разрешение бидејќи им истекол в.д. мандатот.

„До средина на јули сите ќе бидат разрешени. За тие со мандат ќе бидат потребни измени на законот, со кој ќе се овозможи да нема повеќе економски директори“, додаде тој.

Во врска со сопојувањето на Клинички центар, тој искоментира дека не треба да се брза.

„Мислам дека за една година максимум клиниките ќе се спојат. Ни требаат нови систематизации. Гледаме да не настане хаос, не би сакал да има повторно дисфункционалност“, кажа тој.

Во хируршките сали, повеќе од еден месец интервенции се изведуваат само врз пациентите кои се итни случаи. Редовната работа и функционирање на операционите сали се наруши откако поради непријатна миризба, тие беа затворени. Поради колапсот, голем товар понесоа „8 Септември“ и Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на кои повеќекратно им се зголеми бројот на операции кои ги изведуваат.

Мета неодамна ја посети Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ. Директорот, д-р супспец. Александар Трајановски, кажа дека клиниките за ортопедија и за трауматологија, располагаат со 6 операциони сали (две на траума и четири на ортопедија).

„Со една сала работиме во две смени. Во ниеден момент не застанавме со работа пред да ги добиеме надворешните компресори. Со обезбедувањето надворешни компресори, досега се направени околу 80 хируршки зафати. Работиме со намален интензитет, односно ако пред ова сме оперирале 15, сега во една сала може да оперираме 7 пациенти. Предност имаат пациентите со малигни заболувања или со фрактури. Во договор со Министерството за здравство, и пред ова имавме компресори кои се наши и кои ги ставивме во функција за да не трпат пациентите. Листи за чекање имаме, но имавме и претходно. Мислам дека голем дел од таа листа намаливме“, вели Трајановски.

Мета.мк исто така пишуваше и дека колапсот на Клинички ги оптовари останатите ЈЗУ. Така, во Градска болница, за една недела беа оперирани дури 150 итни случаи. Ако ситуацијата продолжи, директорот д-р Љубен Арсенков кажа дека ќе мора да се бара мигрирање на повеќе кадар.

Новинската агенција АФП била мета на хакерски напад

Информативниот систем на француската новинска агенција Франс прес (АФП) бил цел на напад кој зафатил дел од системот за дистрибуција на вести до клиентите, соопштија светските медиуми. „Мобилизирани се технички...