Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири

Многу скоро ќе започне процесот на темелна обнова на сите степени на формалното образование, но и на неформалното, а образовниот систем ќе биде синхронизиран со потребите на пазарот на трудот, за да не мора младите да бараат работен ангажман надвор од границите на татковината, рече Јаневска

-

Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири.

Како што посочи по средбата, многу скоро ќе започне процесот на темелна обнова на сите степени на формалното образование, но и на неформалното, а образовниот систем ќе биде синхронизиран со потребите на пазарот на трудот, за да не мора младите да бараат работен ангажман надвор од границите на татковината.

„Немаме намера да импровизираме во образованието. Имаме првичен и добар план за промени кои се креирани врз база на темелна анализа на моменталните состојби, во консултации со стручни лица и пошироката популација. Така што, од сите чинители на воспитно – образовниот систем очекувам поддршка за процесите кои предвидуваат крупни промени. Секако, во меѓувреме секоја сугестија ќе биде добредојдена“, рече Јаневска.

Таа се заблагодари на довербата дадена од мандатарот на Владата да раководи со ресорот, од кој како што рече, најмногу зависи иднината на државата и нагласи дека секоја конструктивна идеја додека е таа министерка, ќе се разгледа со должно внимание, независно од каде истата доаѓа.

„Младите мора да ги задржиме тука, каде што и припаѓаат, а квалитетното образование и можностите за искористување на личниот потенцијал во својата земја, се најголем мотив за тоа. Во никој случај нема да бидат заборавени ниту научните работници, затоа што, науката како што доликува, мора да биде клучен столб на кој ќе се потпира нашиот национален просперитет“, додаде новата министерка.

Потенцираше дека особено внимание ќе се посвети на инклузивното образование, со цел, како што рече, да го развиеме и унапредиме во најдобар интерес на учениците со попреченост, во соработка со нив и нивните родители.

Весна Јаневска е родена на 27.6.1958 година во Скопје. Таа е доктор на медицина, специјалист по патологија и доктор на науки. Од 2011 година е редовен професор на Иститутот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде и го стекнува своето академско образование.

Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец

Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во 12.48 часот на бул.„Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец

Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во 12.48 часот на бул.„Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген голф”, управувано од М.Е.,...