Авганистанските талибанци го нападнале градот Кундуз од повеќе правци. Претставниците на полицијата соопштија дека во судирите се убиени 20 талибанци, додека тројца авганистански војници се ранети.
Талибанците ги повикуваат граѓаните да останат во своите домови и соопштија дека под контрола ја држат болницата.
Градот Кундуз, на југот на Авганистан, од април е седиште на жестоки борби, затоа што талибанците сакаат да ја повратат територијата што ја контролирале војниците на НАТО до повлекувањето од Авганистан, кон крајот на минатата година.