fbpx

Светска банка: Помал економски пораст поради политичката криза

-

Светска банка предвидува пораст од 3,2 отсто на македонската економија за 2015 година. Во однос на 2014 година, имаме пониска проценка за пораст, пред сè, поради политичката криза што ја погоди државата.

Во првите два квартала порастот е поддржан од градежништвото, трговијата, бизнисот и од секторот на финансиски услуги. Индустријата има помала контрибуција во економијата бидејќи освен индустријата за мебел и челичната, другите гранки имаат нула или негативен пораст.

Извозот се зголемува повеќе од увозот и трговскиот дефицит од 22,5 проценти во 2012 година, се намалил на 16 проценти во 2015 година.

Фискалниот дефицит останува константно висок од 2012 година и изнесува 4 проценти од БДП. Тоа покажува дека зголеменото трошење на Владата не соодветствува со зголемување на приходите.

Буџетската реализација е под ниво, односно има надолна линија на реализација, во однос на предвиденото. Структурата на трошење е неповолна, односно буџетот најммногу е насочен кон трошење за плати, пензии, социјална помош, а помалку кон капитални инвестиции.

Константно високиот фискален дефицит е главниот двигател на зголемувањето на јавниот долг. Јавниот долг во Македонија се дуплираше од 2008 година па наваму и се очекува да се зголеми во иднина. Според  Горан Тињиќ, в.д. директор на Светска банка, ако задолжувањето е во насока на отворање нови работни места, поттикнување на економскиот пораст и на развој, тогаш не е страшно, но потребна е внимателност на среден рок.

– Ако која било држва обрне внимание на зголемување на платите, пензиите, социјалната помош, тоа е легитимно. Но, исто така, треба да води сметка како тоа ќе влијае врз капиталните инвестиции и создавањето нови вредности – додаде Тињиќ.

Сиромаштијата останува релативно висока. До 2009 година таа се намалуваше, паралелно со стапката на пораст на БДП. Но, од 2009 гопдина има стагнација во однос на нејзиното намалување.

Во однос на невработеноста, во споредба со регионот, таа континуирано се намалува, но сепак има висока невработеност кај младите. Светска банка препорачува да се обрне внимание на структурата на невработеноста.

Со пораст од 4,5 проценти годишно, на македонските граѓани ќе им требаат 30 години да го достигнат нивото на Европската унија, под претпоставка, во ЕУ, стапката на пораст годишно да изнесува 0,5 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...