fbpx

Во кумановско комби пронајдени 20 мигранти, повеќето од Конго

Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител

-

На автопатот кај Смоквица, утринава во 2 часот полицајци запреле лесно товарно возило, односно комби, и во него нашле 20 мигранти. Од нив 18 биле од Конго, едно лице од Камерун и едно од Авганистан, извести МВР.

„На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со кумановски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил возилото. При преглед во возилото биле пронајдени 20 лица мигранти“, се вели во полициското соопштение.

Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот, како што велат од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Организаторите со напори да спречат провокации на протестот „Србија против насилство“

Српските пратеници Мирослав Алексиќ, Славица Радовановиќ и Срѓан Миливојевиќ, коишто се меѓу организаторите на протестите „Србија против насилство“ утре ќе се координираат со Полициската управа за Белград за да...
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
udemy course download free
download lenevo firmware
Download WordPress Themes Free
udemy paid course free download