fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

По две години опозицијата ќе може да предлага јавен обвинител, вели Заев

Премиерот Зоран Заев денеска го оцени како лицемерен предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ, јавниот обвинител да се избира по предлог на опозицијата. - Ќе го дефинирам предлогот како мало лицемерие. Ние ветивме дека по втората година, на предлог на опозицијата ќе се избира јавен обвинител. Сега на Македонија ѝ треба да биде исправена пред реформите и најдобриот експерт што можеме да го најдеме дома да...

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. - Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување на условената препорака за почеток на...

Заев и Османи напладне ќе ги откријат деталите од реформскиот план „3 – 6 – 9“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска напладне на прес-конференција во Владата ќе ги соопштат деталите од предлог-планот „3 – 6 – 9“ за спроведување на реформските приоритети. Владата на вчерашната седница го усвои планот, кој треба да придонесе за добивање неусловена препорака за почеток на преговорите со ЕУ, како и да се забрза интегрирањето во...

ВМРО-ДПМНЕ бара од МАНУ да се изјасни за договорот со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение ја повика Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) да се изјасни за договорот за добрососедство што, како што велат, премиерот Зоран Заев има намера да го потпише со Бугарија. „МАНУ мора да излезе со став околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ за вакви суштински прашања отвора...

ВМРО-ДПМНЕ Тетово: Заев ги заборави жителите на Порој

„Со секој поминат ден, граѓаните сè повеќе се уверуваат во несериозниот однос на Зоран Заев и на СДС. Еве, денеска се наоѓаме во селото Порој, каде што и по еден месец од поплавите што го погодија ова населено место, сè уште состојбата на патиштата и на мостовите не е нормализирана. И покрај ветувањата дека за една недела овие работи...

Заев – Нимиц: Постои позитивна клима за развој на добрососедските односи

На денешната средба на премиерот Зоран Заев со специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, бил споделен ставот дека постои позитивна клима за нов импулс во развојот на добрососедските односи, преку чекорите за зголемување на довербата меѓу државите, што може да придонесе и за продолжување на процесот на преговори, соопшти Владата на РМ. Според официјалното...

ВМРО-ДПМНЕ: На еден месец од потпишувањето, Заев молчи за тоа што договори со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска нагласи дека почнува одбројувањето за најавеното потпишување на договорот помеѓу Бугарија и Македонија. Како што велат од партијата, договорот го склучил премиерот Заев во Софија „во процес целосно нетранспарентен, далеку од очите на македонската јавност“. „Помина еден месец од договорот кој Заев не ѝ го обелоденува на јавноста, а кој се однесува на македонската држава. Многу е јасно дека...

Нимиц ќе даде изјава по средбите со Заев и со Димитров

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името Метју Нимиц утринава се сретна со премиерот Зоран Заев. По ова медијаторот ќе се сретне и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. По двете средби предвидена е изјава за медиумите. Нимиц, кој од саботата е во четиридневна посета на Скопје, претходно изјави дека целта на неговата посета е да ја испита...

Треба дополнителен импулс од двете страни во спорот за името, му порачал Иванов на Нимиц

Неопходно е стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите за спорот за името - резолуциите на Советот за безбедност, Привремената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, истакнал македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, на средбата со Метју Нимиц, специјален пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името. Иванов порачал дека...

На владина седница ќе се расправа за дислокацијата на тетовската депонија

Се работи на решение за дислокација на депонијата во Тетово и тоа прашање наскоро ќе се најде на владина седница. Што се однесува до комбинатот „Југохром“,  прашањето ќе се решава со писмени гаранции за преземени обврски од сите засегнати страни. Тоа премиерот Зоран Заев на денешната средба, на која биле и вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за животна средина и просторно...

Бартол – Заев: Македонија е на добар пат кон евроатлантската интеграција

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија. Бартол му пренел на Заев дека правецот во кој се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евроатлантските аспирации на земјата. - Поттикнавте позитивна енергија што се чувствува во земјата, а ја чувствува и Брисел, преку демократските...

ЗНМ побара од Владата заштита на новинарите од насилство од државни институции

Премиерот Зоран Заев и министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска со белгискиот експерт Питер Ванхауте и со претставниците на ЗНМ разговараа за состојбата во медиумите и за претстојните реформи. На средбата било заклучено дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество, a Ванхауте, кој беше олеснувач во Договорот од Пржино, и претставниците на ЗНМ ја...

Заев му честиташе на Рама, убеден е дека ќе продолжи соработката на двете држави

Премиерот Зоран Заев му честита на премиерот на Албанија, Еди Рама, за победата на парламентарните избори, велејќи дека е убеден дека ќе продолжи пријателската и принципиелна соработка помеѓу Македонија и Албанија. „Убеден сум дека ќе продолжи Вашата посветеност кон демократските и реформските процеси, според стандардите на ЕУ и на НАТО. Исто така, верувам дека ќе продолжи и пријателската и принципиелна соработка помеѓу...

Заев – Јанакакис: Создадена е позитивна атмосфера за градење доверба меѓу Македонија и Грција

Премиерот Зоран Заев денеска со грчкиот амбасадорот Димитрис Јанакакис разговараше за можностите што ги отвораат политиките на пријателство и на соработка во духот на меѓусебно почитување, соопштија од кабинетот на премиерот. На средбата е констатирано дека е создадена позитивна атмосфера за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција. - Пративме позитивни сигнали за добрососедска соработка, затоа што...

Пломп: Постои видлив ентузијазам во државата од работата на новата Влада

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп, кој во име на холандскиот премиер Марк Руте, му честиташе за стапувањето на должноста. Холандскиот амбасадор, како што соопштуваат во кабинетот на премиерот, изразил големо задоволство од изборот на новата Влада и од нејзината посветеност на реформите. Премиерот најавил инклузивни политики во државата, со активна вклученост на граѓанското општество...

Обвинителството две години истражува како ПИМ-снимката од Заев се нашла на „Јутјуб“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција две години истражува од каде е објавена и кој ја објавил снимката од посебните истражни мерки (ПИМ) во случајот „Поткуп“ на видеомрежата „Јутјуб“. Одбраната на премиерот Зоран Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“, денеска побара од судот да ја изземе снимката од ПИ-мерките од доказниот материјал, токму поради тоа што таа незаконски...

Ристовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација на правниот систем

„Зоран Заев, кој беше фатен на дело како бара поткуп од 200.000 евра, сакаше да се изземе видеоснимката на која јасно се гледа како прави кривично дело. Сакајќи да избега од правдата, Зоран Заев заговара контрола и завладување на судскиот систем во Република Македонија“, изјави денеска на прес-конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ. - Намерата за партизација на судството е да...

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да го исклучи Дудуш од пратеничката група и од партијата

„СДС покажа дека брани и застапува двојни аршини. Изјавата на нивниот пратеник Курто Дудуш дека членската книшка на СДС е втора лична карта во државава е еклатантен пример за партизација, самоволие и за непочитување на државата“, изјави денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. - СДС е партија во која лидерот Заев се заканува дека ќе брка од чистачка до министер, а...

Одложено судењето за „Поткуп“, следното рочиште закажано за 27 септември

Судијката Дијана Груевска-Илиевска, иако кажа дека се исполнети условите да почне главната расправа за случајот „Поткуп“, сепак го одложи рочиштето за 27 септември поради барањето на одбраната на обвинетиот Зоран Заев за изземање на снимките од посебните истражни мерки бидејќи веќе се објавени на „Јутјуб“. Заев, кој денеска првпат се појави во суд како премиер на државата, рече дека тој...

Одбраната на Заев бара снимката на „Јутјуб“да се изземе од доказите

Премиерот Зоран Заев придружуван од адвокатите Ване Андреев и Филип Медарски утрово пристигна во Основниот суд Скопје 1, каде што почна рочиштето за судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој тој е обвинет за барање поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште. Рочиштето денеска не беше одложено, како неколкупати претходно, но треба да заврши...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...