fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев со Светска банка: Приоритет на владата се економскиот развој и стабилноста

Врвен приоритет на Владата е да обезбеди стабилност на економијата и развој, порачал македонскиот премиер Зоран Заев на вчерашната средба со Цирил Милер, потпретседател на Светска банка, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели. Во македонскиот тим биле и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот...

Меркел: Германија ја поддржува Македонија во евроатлантската интеграција

За време на Самитот за Западен Балкан во Трст, премиерот Зоран Заев имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел, која изразила поддршка за новата влада, за суштниски реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопштија од кабинетот на премиерот. - Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската...

Заев: Во Македонија владее оптимизам од подадената рака од меѓународната заедница

Има голема потреба од формирање рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан, кон што е силно определена новата влада на Република Македонија, а постои и голема потреба не само од реформи, туку и од фокусиран забрзан реформски напредок, рече премиерот Зоран Заев за време на неговото обраќање на самитот за Западен Балкан во Трст. - Знам дека граѓаните...

Заев – Брнабиќ: Ќе ја развиваме регионалната соработка, имаме заедничка иднина во ЕУ

Премиерот Зоран Заев и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на билатерaлната средба во Трст на самитот за Западен Балкан констатирале дека постојат услови за продлабочување на односите меѓу двете држави, како и дека тоа ќе биде силна порака кон Европската Унија, за европска интеграција на земјите од Западен Балкан кои припаѓаат на Унијата. „Има заедничка согласност дека на граѓаните...

Заев: Од Трст се испраќаат охрабрувачки пораки дека ќе се приближиме кон Европа

Европската Унија мора подиректно да му помогне на регионот за да се забрза неговата евроинтеграција, а самитот во Трст испраќа пораки на охрабрување дека ќе се приближиме кон Европа, рече македонскиот премиер Зоран Заев во емисијата „Окружење“, која се снимаше денеска на самитот ЕУ – Западен Балкан, што се одржува во Трст во рамки на Берлинскиот процес. Според Заев, блокирањето...

Рама за средбата со Заев: Нова страница во односите на двата народа

Премиерот Зоран Заев денеска во Трст имаше средба со својот албански колега, Еди Рама, кој и таму се појави во костум и со патики. На „Твитер“ профилот, премиерот Заев за средбата со Рама напиша „Споделуваме заедничка визија за евро-атланска иднина на Република Македонија и Република Албанија“. https://twitter.com/Zoran_Zaev/status/885123356877565952 Албанскиот премиер на својата официјална страница на „Фејсбук“ објави видеоснимка од почетокот на средбата и...

Заев: Злосторството во Сребреница е дамка во колективната совест на човештво

Тоа што се случи во Сребреница пред 22 години е еден од најголемите порази на цивилизациските вредности и лекција што мораме да ја научиме еднаш засекогаш, вели премиерот Зоран Заев. - На овој ден, пред 22 години, откако повеќе од 8.000 луѓе беа убиени, не е доволно да повторуваме „никогаш повеќе“, туку да се соочиме со минатото и да се...

Заев и владина делегација на Самитот за Западен Балкан во Трст

Премиерот Заев денеска и утре во Трст ќе ја предводи владината делегација на четвртиот самит ЕУ - Западен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес кој официјално ќе почне утре. На самитот кој е под покровителство на Италија ќе учествуваат премиерите и министри од шесте земји од Западен Балкан, како и високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика...

Пенс во разговорот со Заев ги поздравил процесите на новата влада за демократија

Премиерот Зоран Заев синоќа телефонски разговарал со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој, како што соопштуваат од владиниот кабинет, ги поздравил процесите што Владата ги почнала за демократија, слобода и за правда во Македонија. „Потпретседателот Пенс ги оцени чекорите на новата влада на полето на добрососедските односи како меѓународни успеси. Потпретседателот Пенс изрази поддршка на планот „3 – 6 – 9“...

Заев: Потпретседателот на САД ми пренесе поздрав од Доналд Трамп

Премиерот Зоран Заев на својот твитер-профил попладнево соопшти дека имал телефонски разговор со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој, како што вели Заев во твитот, ги поддржал реформите во Македонија. Потпретседателот на САД на премиерот Заев му пренел поздрав од американскиот претседател Доналд Трамп. „Се слушнав предмалку со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Ги поддржа реформите во Македонија и пренесе...

Заев – Рот: Германија ќе ја поддржува Македонија во реформскиот процес

Премиерот Зоран Заев и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, попладнево се сретнаа со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Германија, Михаел Рот, придружуван од германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер. „Германскиот државен секретар Рот дојде со силна поддршка од Германија за чекорите на премиерот Заев и на новата влада на Македонија, во...

ВМРО-ДПМНЕ: Молчењето на Заев отвора сомнеж за распродавање на државата

Нетранспаретноста на Заев во целиот процес на преговори и неговото молчење во однос на навредите кон Македонија упатени од страна на Божидар Димитров, директор на бугарскиот Национален историски институт, дека исполнувањето на договорот ќе значи крај за македонизмот и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, отвора сомнеж дека Заев ги распродава македонските национални и државни интереси, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. Партијата...

ГРОМ: Потпишувањето на договорот за добрососедство ќе предизвика конфронтации

Потпретседателот на ГРОМ, Љупчо Пренџов, на прес-конференција за медиумите рече дека Зоран Заев и СДС тврделе дека ќе има дебати за договорот за добрососедство со Бугарија иако веќе договорот бил готов. - За три недели е Илинден. Нема ни „Д“ од дебата, но затоа Бојко Борисов се однесува одговорно кон својата нација. Тој уште на 5 јули го доставил договорот...

Костовски: Објектот на Цаноски беше дивоградба и тоа го потврдија три вештачења

Работата на СЈО е селективна и има цел да крева димни завеси секогаш кога матичната партија и Зоран Заев прават пазари со националните и со државните интереси, а во таа насока се и селективните и тенденциозни обвиненија што ги креира за функционери од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска пред просториите на СЈО, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. - Работата на СЈО нема никаква врска со...

Владата го усвои ребалансот на буџетот, се очекува Собранието да го изгласа до Илинден

Влaдата на денешната седница го усвоила ребалансот на државниот буџет за 2017 година, кој ќе биде доставен во Собранието на Република Македонија, кое треба да го изгласа, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Како што рече премиерот, ребалансот е резултат на сеопфатната и детална анализа на Министерството за финансии, а целта, истакна тој, е да се отстранат разликите меѓу она што е...

Премиерот Заев доби специјално признание „Европска личност на годината“ во Сараево

Премиерот Зоран Заев на бизнис-манифестацијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017“ во Сараево доби специјално признание - „Европска личност на годината“ и „Носител на позитивни промени во регионот“, соопшти владината прес-служба. Признанието на премиерот Заев му се доделува за неговото „ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, како и за создавање услови...

Жбогар: Следните три месеци се клучни за планот „3 – 6 – 9“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист и дека очекува Владата да го спроведе реформскиот план „3-6-9“ за забрзување на евроатлантските интеграции. Тој нагласи дека е добро што реформите се ставени на хартија и има рокови за нивно реализирање, додавајќи дека во наредните неколку месеци ќе се следи колку Владата ќе може да испорача. - Она што е добро е...

Кохабитацијата на тест: Во тек се разговорите за именување 18 амбасадори и конзули

Премиерот Зоран Заев вчера при промовирањето на реформскиот план „3-6-9“ за забрзување на евроатлантските интеграции, најави кохабитација со претседателот Ѓорге Иванов. Прв чекор во кохабитацијата е пополнување на испразнетите 18 дипломатски позиции во амбасадите, конзулатите и во мисиите на Македонија во странство. Во моментов испразнети се 13 амбасадорски позиции, од кои 12 се во Европа и една во Кина, три...

Заев и економскиот тим на Владата на средба со бизнис-заедницата

Премиерот Заев и економскиот тим на Владата денеска имаа работна средба со повеќе од 200 претприемачи, бизнисмени и стопанственици, во организација на Сојузор на стопански комори на Република Македонија. Од кабинетот на премиерот соопштуваат дека Заев ги слушнал барањата и предлозите на стопанствениците и изразил цврста определеност на Владата да ја интензивира соработката со бизнис-заедницата, како и одлучноста низ заемна консултација...

Со Софија останува да се договориме „само“ за народите и за историја, другото е ОК

Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, треба да има уште една средба на министерско ниво, но која треба да се најде решение „за едно мало техничко прашање“ за да имаме официјален закружен дел, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Потпрашан што точно останува да се договорат двете страни, Заев рече дека треба да се реши „делот за...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...