fbpx

Со Софија останува да се договориме „само“ за народите и за историја, другото е ОК

-

Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, треба да има уште една средба на министерско ниво, но која треба да се најде решение „за едно мало техничко прашање“ за да имаме официјален закружен дел, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Потпрашан што точно останува да се договорат двете страни, Заев рече дека треба да се реши „делот за народите и делот за заедничката историја“.

На прашање дали ќе се менува историјата и дали ќе се менуваат учебниците, Заев рече дека не станува збор за менување на историјата бидејќи „историјата на Македонија е наша, а заедничката историја е не само на цел Балкан, туку и на Европа“.

– Тоа што е наша посебна историја е само наша, а тоа што е заедничка историја е и европска, но и балканска историја. Не прејудицираме да менуваме нешто од историјата. Не можеме да ја смениме историјата, но можеме да ја смениме иднината, а тоа зависи од нас. Ако бидеме мудри, ќе отвориме убава блескава иднина за нашите граѓани – рече Заев.

Договорот, како што рече Заев, на крајот треба да биде ратификуван во парламентот и дека тогаш Собранието ќе се изјасни за финалната верзија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.