fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат итна и јавна седница за договорот со Бугарија

Пратениците од Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесат барање за свикување итна и отворена за јавноста седница на Собранието на Република Македонија, за разгледување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски, на прес-конференција во Собранието. Барањето, како што рече Милошоски, доаѓа по денешната изјава на министерката за надворешни работи на Бугарија,...

Заев: Важните одлуки за животната средина ќе ги носиме заедно со екологистите

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со екологистите од невладината организација „Еко-свест“, со кои разговарал за потребата од подобрување на пристапот до информации, како и за можностите за поголемо учество на јавноста, особено на стручната, при носењето одлуки што се однесуваат на животната средина. Заев изразил подготвеност Владата да го поддржи активизмот за да се најдат најдобри решенија за проблемите што се однесуваат...

Пинингтон: Канада ја поддржува Македонија во НАТО-аспирациите

Владата на Република Македонија презема сè што е потребно да го отвори патот кон евроатлантските интеграции и со тоа да го обезбеди и да го осигури квалитетот на живот на граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев на средбата со амбасадорот на Канада за Република Македонија, Филип Пинингтон. Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека новата влада сака да го спречи...

Заев – Илдем: Охрабрувачка порака за интеграција на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Таџан Илдем, придружуван од шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, Горазд Бартол. Високиот претставник на НАТО пренел охрабрувачка и поддржувачка порака од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, до премиерот Заев и до новата влада. „За краток период направен е напредок...

Фабриката „Санос“ произведе автобуси за извоз во Казахстан

Фабриката за автобуси „Санос“ произведе пет автобуси за извоз во Казахстан, а вредноста на зделката изнесува 800.000 евра, информираа денеска од компанијата. Автобусите се целосно произведени во фабриката во Скопје, со вградени агрегати на германската компанија „Ман“. Од „Санос“ исто така информираа дека планирано е во Казахстан да бидат испорачани 70 автобуси. Фабриката „Санос“, поранешен ФАС „11 Октомври“, ја купи бизнисменот...

8,8 милиони евра се предвидени за задржување на младите во државата

Нова владина мерка, наречена младинска гаранција, најави денеска премиерот Зоран Заев на деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори. Целта на оваа мерка, за која до крајот на годината се предвидени 8,8 милиони евра, е младите да останат во државата и да работат тука. - Младинската гаранција значи во одреден период државата да финансира директно пари за бруто-плати на млади луѓе кои завршиле...

Заев најави поволности за домашните компании какви што имаат странските

На деловниот појадок со владиниот економски тим, предводен од премиерот Зоран Заев, Сојузот на стопанските комори (ССК) испорача пакет од 75 економски мерки. Мерките, како што истакна претседателката на ССК, Данела Арсовска, се во насока на спроведување на структурните реформи и подобрување на инвестициската клима и деловното опкружување во земјава. Според неа, од особено значење за бизнис-заедницата е ефикасноста на администрацијата на...

Владата ќе го донесе законот за јазици пред локалните избори

Законот за јазиците ќе биде донесен пред локалните избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека со тоа нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница. - Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени, ќе биде усвоен и во Собранието. Само следете нè и ќе видите...

Заев очекува долгот на државата кон стопанството да остане под 700 милиони евра

Премиерот Зоран Заев не очекува долгот на државата кон стопанството да стане поголем од 700 милиони евра. - Сè уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис-заедницата да надмине 700 милиони евра - рече Заев, пред бизнис-средбата со стопанските комори, одговарајќи на новинарско прашање. Тој рече дека инвеститорите кои ќе почнат...

Милошоски: Договорот со Бугарија има слабости, треба да се подобри преку пет точки

Во следниот период, наместо да брза и да брка датум за потпишување на македонско-бугарскиот договор,Владата треба да работи за подобар квалитет на текстот за постигнување на еден договор што ќе значи и заемна почит на двата народа и заемно признавање на двете држави, на двете култури и заемна соработка за перспективата на Македонија и на Бугарија како соседи. Ова денеска...

Заев: Во договорот со Бугарија нема дилема дека се работи за две држави, два народи, два јазика

Договорот е основа за добрососедство и за пријателство, двете држави во иднина ќе работат за заемен успех и тој е добар за националните интереси на Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика, на која тој го презентираше нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија. – Со договорот, Владата уште еднаш ја афирмира...

Почна седницата на Комисијата за надворешна политика, Заев го презентира договорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска на затворена седница на собраниската Комисија за надворешна политика го презентира нацрт-договорот за добрососедство на Република Македонија со Република Бугарија. На седницата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи и претседатели на соодветни комисии. Заев кажа дека потребно е да се отвори расправа за нацрт-договорот во функција на градење заеднички национални консензуални политики од...

Синдикатот на „Југохром“ бара нова средба со Заев

Синдикатот на компанијата „Југохром“ бара нова средба со премиерот Зоран Заев, бидејќи, како што велат оттаму, сè уште ништо не е реализирано од претходниот состанок помеѓу нивните претставници и Владата, што се одржа на 18 јуни оваа година. Од синдикатот велат дека сакаат да бидат информирани од премиерот за „моменталната состојба и за неговото видување на статусот на комапнијата“, бидејќи, како...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ со ребалансот на буџетот го зголемува задолжувањето

Антиреформската влада на СДСМ со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение утрово. „СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев, кои со месеци наназад зборуваа за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена земја, сега, откако дојдоа на власт, предлагаат ребаланс на буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за...

Едногласно усвоена предлог-декларацијата за забрзување на процесот за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја усвои предлог-декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Комисијата бара предлог-декларацијата да биде ставена на дневен ред на посебна наредна седница. Во документот се наведува дека се потврдува натпартиската сплотеност околу заедничките напори за обезбедување позитивна клима за реализирање на стратешката определба за...

Заев ќе им го даде на пратениците договорот со Бугарија да го разгледаат на затворена седница

Премиерот Зоран Заев, кој денеска во Собранието го презентираше реформскиот план „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања, вети дека договорот со Бугарија, сепак, ќе им го достави на увид на пратениците. Тој рече дека пратениците ќе имаат можност да го разгледаат договорот на седница затворена за јавноста, бидејќи станува збор за документ кој сè уште не е финализиран, односно потпишан. Реакцијата на...

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Заев час поскоро да ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во Собранието ќе гласа за членство на Македонија во Европската Унија и во НАТО и го повика премиерот Зоран Заев „да го искористи моментот и веднаш, час поскоро, да ја внесе земјата во ЕУ и во НАТО“. Од партијата велат дека ги поздравуваат средбите и телефонските разговори што ги имаше Заев со челниците на поважните земји од...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме СДС да ја претвори државата во Северна Кореја

Поминаа 20 дена од објавувањето на скандалозната снимка на која се гледа како пратеникот од СДС, Курто Дудуш, ветува амнестија за сторен криминал за граѓани што поседуваат членска книшка од СДС, а сè уште нема реакција и осуда од партијата на власт, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Зоран Заев пред изборите со полна уста зборуваше за еднаквост помеѓу граѓаните,...

Собраниската комисија за европски прашања ќе расправа за планот „3-6-9“ на Владата

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе го претстават планот „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија. Седницата на Комисијата е закажана за 12.30 часот и на неа со свои ставови околу владиниот план за реформите неопходни за напредок на земјата кон евроатлантските интеграции, ќе се произнесат и политичките партии во...

Борис Џонсон: Британија ќе направи сè што може за Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ

Велика Британија ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската Унија и во НАТО, истакнал шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на самитот за Западен Балкан во Трст, Италија. Џонсон, кој ја претставувал британската премиерка Тереза Меј на самитот, нагласил дека...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...