fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме СДС да ја претвори државата во Северна Кореја

-

Поминаа 20 дена од објавувањето на скандалозната снимка на која се гледа како пратеникот од СДС, Курто Дудуш, ветува амнестија за сторен криминал за граѓани што поседуваат членска книшка од СДС, а сè уште нема реакција и осуда од партијата на власт, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев пред изборите со полна уста зборуваше за еднаквост помеѓу граѓаните, а сега гледаме дека под режимот на Заев некои ќе бидат поеднакви од другите. Скандал од невидени размери и срам за целиот демократски свет е пратеник од владејачка партија да ветува неказнивост при сторен прекршок или криминал, привилегии на лекар и добивање социјална помош за граѓаните кои поседуваат членска книшка на политичка партија“, стои во соопштението.

Од опозициската партија велат дека нема да дозволат Македонија од „демократската држава да се претвори во приватна сопственост на СДС“.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите општествени чинители и меѓународните претставници во Република Македонија да го осудат овој чин на партизација на државата. Македонија е демократска држава, каде владеењето на правото е основен постулат врз кој се засноваат односите помеѓу граѓаните и државата и никако поинаку не смее да биде. Граѓаните заслужуваат еднакви можности за живот и за успех. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДС да ја претвори државата во Северна Кореја“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...