fbpx

Ристовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација на правниот систем

-

„Зоран Заев, кој беше фатен на дело како бара поткуп од 200.000 евра, сакаше да се изземе видеоснимката на која јасно се гледа како прави кривично дело. Сакајќи да избега од правдата, Зоран Заев заговара контрола и завладување на судскиот систем во Република Македонија“, изјави денеска на прес-конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Намерата за партизација на судството е да се спасат себеси од криминалите, но и да прават монтирани политички случаи. СДС креира страв кај судиите, а ќе работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет. Тоа е веќе испробан рецепт кај нив. Во претходните нивни мандати имаме искуства од кои Македонија доби 617 судии со едно гласање без присуство на опозицијата, кога токму СДС управуваше со државата. ВМРО-ДПМНЕ очекува силна реакција и од ЕУ за партизирањето на судството од страна на СДС и на Зоран Заев – рече Ристовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ најостро ќе се спротивстави на ваквите политики и дека нема да дозволи систем на партизација на правниот систем во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...