fbpx

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да го исклучи Дудуш од пратеничката група и од партијата

-

„СДС покажа дека брани и застапува двојни аршини. Изјавата на нивниот пратеник Курто Дудуш дека членската книшка на СДС е втора лична карта во државава е еклатантен пример за партизација, самоволие и за непочитување на државата“, изјави денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС е партија во која лидерот Заев се заканува дека ќе брка од чистачка до министер, а пратеникот вели дека втора лична карта во државата е партиската членска книшка. СДС им порача на граѓаните дека ако сакаат да се вработат, да земат социјална помош, да им се пружи помош од доктор, да извадат имотен лист или да се запишат на факултет, права кои инаку се загарантирани со Уставот и со законите, мора задолжително да имаат членска книшка од СДС – вели Костовски.

Според него, реакцијата на Заев била анемична, половична, амнестирачка и недоволна за големината на вакво скандалозно признание.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да покаже одговорност и веднаш да го исклучи Дудуш од пратеничката група, но и од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...