Обвинителството две години истражува како ПИМ-снимката од Заев се нашла на „Јутјуб“

-

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција две години истражува од каде е објавена и кој ја објавил снимката од посебните истражни мерки (ПИМ) во случајот „Поткуп“ на видеомрежата „Јутјуб“.

Одбраната на премиерот Зоран Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“, денеска побара од судот да ја изземе снимката од ПИ-мерките од доказниот материјал, токму поради тоа што таа незаконски е објавена на „Јутјуб“.

Застапникот на обвинението во случајот, обвинителот Владимир Милошевски, на рочиштетот рече дека во тек е истрага дали снимката објавена на „Јутјуб“ е идентична со таа од цедето приложено како доказ и за тоа кој и од каде го прикачил видеозаписот на „Јутјуб“.

Милошевски денеска во судницата рече дека се прибираат „докази за геопозицијата и за идентитетот на лицето што го извршило прикачувањето на видеозаписот“, но, на забелешката на судијката Дијана Груевска- Илиевска дека снимката е објавена пред две години, а сè уште нема постапка за случајот, обвинителот рече дека постапката е тајна е не може да сподели повеќе детали за тоа кој ја поставил снимката на социјалните мрежи.

Инаку, спорната снимка сè уште се наоѓа на видеомрежата „Јутјуб“, а беше објавена на 13 мај 2015 година на јутјуб-канал именуван како „hm home“.

Премиерот Зоран Заев рече дека не треба да се биде експерт за да се види дека снимката е иста, само што таа што е објавена на „Јутјуб“ е исечена на две места за да послужи за потребите на политичкото судење кое, како што алудираше тој, било организирано од претходната власт.

Од „Јутјуб“ не се отстранети ниту видеоснимката со Заев и со Никола Груевски за случајот „Пуч“, како и снимките со Љубе Бошкоски и со уште едно лице, а која според информациите, е од ПИ-мерките против Бошкоски за случајот „Кампања“.

Снимката со Заев и со Груевски, снимена со ПИ-мерки во премиерскиот кабинет во 2014 година, кога премиер беше Груевски, е објавена на 7 март 2015 година на канал именуван, како „hoho lol“, додека датумот што стои до видеозаписите со Бошкоски е 21 февруари, а објавувачот е „чкљ чкљ“.

Инаку, видеозаписите со Бошкоски се споменуваат во „бомбата број 3“ што ја објави СДСМ на 20 февруари 2015 година, а се однесуваше за начинот на кој лидерот на Обединети за Македонија беше уапсен еден ден по изборите во 2011 година.

Во разговорот, тогашниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протогер, ѝ предлага на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да ги „протнат“ снимките во медиумите.

Протогер: Чекај, дали ние можеме освен ова, да… муабетот да го пуштиме?
Јанкулоска: Зависи во каква форма муабетот?
Протогер: Да кажеме што било. Дознава „Канал 5“ дека тоа и тоа. Да го продаде името, да направи ова?
Јанкулоска: Ај да го чуваме тоа за од утре-задутре, да ја напишам пријавата денес, оти знаеш денес мораме да ја исфорсираме да имаме пријава за да нема простор за тензија, он кога ќе си влезе во Шутка друг е муабетот више кога е внатре…

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...