fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев денеска првпат како премиер треба да се појави во суд за случајот „Поткуп“

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Основниот суд Скопје 1, каде треба да продолжи судскиот процес за случајот „Поткуп, во кој тој е обвинет за барање поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште. Инаку, ова ќе биде прво појавување на Заев во судот како премиер. Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано...

Заев: До 1 јули ќе биде готов „Патоказот“ што ќе нè одведе до преговори за членство во ЕУ

Владата работи на акциски план наречен „Патоказ“, што треба да се финализира до 1 јули, а во кој се опфатени сите предвидени реформи во клучните области како владеењето на правото, професионални државни институции, независни регулаторни тела и слободни медиуми. Ова го истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика Јоханес Хан по...

Хан: Пофалби до Заев за покажаното лидерство и за подадената рака кон соседите

Пофалби за премиерот Зоран Заев за покажаното лидерство во односот со соседите и за ставањето настрана на политичките и на етничките поделби, напиша еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на „Твитер“ по средбата со премиерот Зоран Заев. „Добра средба со премиерот Зоран Заев во Скопје. Земјата сврте нова страница, отворајќи го патот за нова динамика на реформи...

Хан во 13.10 часот на средба со Заев, седницата на Влада половина час подоцна

Агендата на денешната посета на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, почнува попладне околу 13 часот, со тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев, а околу половина час подоцна е предвиден почетокот на тематската седница на Владата посветена на реформските приоритети за евроатланските интеграции, на која ќе присуствува и Хан. Како што соопштија од прес-службата на Владата, премиерот...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев шести ден молчи и крие што договорил во Софија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение повторно го обвини премиерот Зоран Заев дека шести ден молчи и крие од македонските граѓани што договорил за време на неговата посета на Софија, во врска со договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Од партијата велат дека Заев во текот на изборната кампања ветувал експертски дебати и јавни расправи за секое поголемо прашање...

Хан денеска на средби со Владата за имплементацијата на реформските приоритети

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска доаѓа во посета на Скопје, каде ќе присуствува на седница на Владата, посветена на реформските приоритети, а потоа, како што соопштија од владината прес-служба, ќе има заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Хан пред почетокот на седницата ќе има тет-а-тет средба со Заев, а потоа и со владина делегација составена...

Хан утре ќе се сретне со Заев и ќе учествува на седница на Владата

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утре ќе присуствува на седница на Владата посветена на реформските приоритети, а потоа ќе има заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, соопшти владината прес-служба. Хан пред почетокот на седницата ќе има тет-а-тет средба со Заев, а потоа и со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот...

Хан и Прибе утре во Скопје на разговори за имплементација на реформите

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Скопје на средби со премиерот Зоран Заев, владини претставници, како и со лидери на политичките партии. Главен фокус на неговата посета е имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино. Од Европската комисија соопштија дека еврокомесарот со новата влада ќе разговара зa акцискиот план за имплементација...

ВМРO-ДПМНЕ: Заев молчи и не застанува во одбрана на Македонија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение наведува дека премиерот Зоран Заев за време на изборната кампања ветувал дебата за сите позначајни прашања за државата, но дека тоа сега не се спроведува. Од партијата истакнуваат дека Заев воопшто не се спротиставува на националистичките изјави што доаѓаат од соседството. „Заев од Софија кажа дека ќе брише делови од македонските учебници по историја, без...

Бренде до Заев: Норвешка ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска со шефот на норвешката дипломатија, Борге Бренде, разговараше за состојбата во Македонија и за приоритетите на новата влада. Заев го информирал Бренде дека новата влада работи посветено на реформите и на демократските вредности. Тој истакнал дека иднината на Република Македонија е во Европската Унија и во НАТО. На средбата,...

Заев побара поддршка од граѓанскиот сектор за реализацијата на реформските приоритети

Намерата на Владата е до крајот на годината Македонија да добие чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија, а следната година и датум за почеток на преговорите за полноправно членство. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на почетокот на тематските консултации што се одржаа во Владата со претставниците на граѓанското општество, за реформските...

„Брима Галуп“: СДСМ и Заев со поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и од Груевски

Рејтингот на СДСМ е за 2,6 отсто повисок од тој на ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на „Брима Галуп“ спроведена непосредно по изборот на новата Влада од 2 до 12 јуни 2017 година. Рејтингот на СДСМ е 22,4 отсто, на ВМРО-ДПМНЕ - 19,8 отсто, ДУИ има 7,3 отсто, Беса и Движењето за реформи на ДПА имаат по 4,3 проценти, а ДПА...

Во Владата напладне ќе се одржи дебата за реформските приоритети

Во свечената сала на Владата, денеска,  со почеток во 12 часот, ќе се одржи дебата за реформските приоритети. „Поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција, а во согласност со определбата на Владата за транспарентност во работата и за вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, денеска во Владата ќе се одржат тематски консултации за областите кои се...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трет ден не кажува што договорил во Софија

„Заев трет ден молчи и бега од одговор, одбивајќи да ѝ каже на македонската јавност што точно договорил во Софија. Заев има обврска за транспарентно и инклузивно работење, особено кога станува збор за прашања од највисок национален интерес“, порача ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение. „Граѓаните на Република Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев во договорот...

Шефот на дипломатијата, Димитров, ќе оди на инаугурацијата на Вучиќ

На инуагурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, како претставник на македонската влада, ќе присуствува министерот за надворешни работи, Никола Димитров, велат од Владата на Република Македонија. Во интервјуто за српската државна  телевизија РТС, Вучиќ најави дека на неговата инаугурација ќе присуствуваат македонскиот претседател Ѓорге Иванов и, веројатно, премиерот Зоран Заев. Заев, инаку, најави дека првите средби на новата влада ќе бидат...

Заев ги претстави замениците министри, пратениците ќе расправаат за изборот

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница ја соопшти листата со кандидати за заменици министри и кажа дека станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари. - Новата влада ќе биде насочена кон реформите и кон водење инклузивен процес преку вклучување на опозицијата, граѓаните, академската заедница. Активностите се насочени кон реформи и кон унапредување на севкупниот живот на граѓаните во...

Бурна политичка недела: Хан во Влада, Заев и Груевски на суд, СЈО со истечен рок

Следната недела, од почеток до крај, ќе биде со набиена агенда од настани, кои се од интерес на јавноста, а нивниот исход ќе покаже како процесите важни за земјава ќе се одвиваат во иднина. Последната недела од јуни, пред официјалниот почеток на летните одмори, ќе биде судбинска за понатамошните „реформски“ активности на Владата и пресудна за понатамошното функционирање на Специјалното...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев во Бугарија жестоко удри по македонската држава

Зоран Заев станува сериозен ризик за македонските национални интереси и за време на неговата дводневна посета во Бугарија, жестоко удри по македонската држава, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали СДС и Зоран Заев сметаат дека Република Македонија нема своја сопствена историја? Зар македонската историја нема значење на Зоран Заев, па реши да изјави дека во македонските учебници ќе биде...

Заев – Нинова: Kако левичари, ќе придонесеме за поголема демократија во државите

Премиерот Зоран Заев, во својство на претседател на СДСМ, денеска во седиштето на Бугарската социјалистичка партија се сретнал со претседателката на партијата, Корнелија Нинова. Нинова ја поддржала Македонија во интегративните процеси кон НАТО и кон Европската Унија. „Договоривме најмалку еднаш да држиме билатерални конференции за да ги размениме сите неопходни искуства. Ние веруваме дека како левичари, во оштеството можеме да бидеме авангардата на демократизација на...

Вељаноски: Бараме увид во тоа што го договорил Заев за добрососедството

„ВМРО-ДПМНЕ е крајно загрижена од нетранспарентноста и леснотијата со која Заев пристапи на едно исклучително сериозно прашање, како што е склучувањето на договорот со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија. Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот што Заев се согласил да ја потпише“, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, на...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...