Хан во 13.10 часот на средба со Заев, седницата на Влада половина час подоцна

-

Агендата на денешната посета на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, почнува попладне околу 13 часот, со тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев, а околу половина час подоцна е предвиден почетокот на тематската седница на Владата посветена на реформските приоритети за евроатланските интеграции, на која ќе присуствува и Хан.

Како што соопштија од прес-службата на Владата, премиерот Заев ќе се сретне со еврокомесарот Хан во 13.10 часот. Тет-а-тет средбата, која е предвидено да трае 15 минути, ќе биде во кабинетот на Заев.

Во 13.25 часот треба да почне средбата на делегацијата на Владата, предводена од Заев, а во чиј состав ќе бидат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со делегација на Европската Унија предводена од еврокомесарот Хан.

Во 13.40 часот е закажан почетокот на тематската седница на Владата за реформските приоритети на која ќе присуствува еврокомесарот Хан.

Заедничката прес-конференција на премиерот Заев и на еврокомесарот Хан е закажана во 14.45 часот.

Како што е најавено, Хан во рамките на денешната посета на земјава треба да се сретне и со лидерите на политичките партии, но засега нема информации за термините за овие средби.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...