fbpx

Заев денеска првпат како премиер треба да се појави во суд за случајот „Поткуп“

-

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Основниот суд Скопје 1, каде треба да продолжи судскиот процес за случајот „Поткуп, во кој тој е обвинет за барање поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште.

Инаку, ова ќе биде прво појавување на Заев во судот како премиер.

Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано на 25 јануари минатата година, а оттогаш имаше речиси десетина одложувања.

На рочиштето што се одржа во април оваа година, Заев и неговите адвокати побараа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да им достави копии од доказите за случајот, меѓу кои и наредбите од посебните истражни мерки (ПИМ) користени во случајот, бидејќи, како што рече тогаш Заев, се сомневаат во законитоста на начинот на кој се обезбедни.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го прифати барањето на одбраната и му наложи на Обвинетелството да ги достави доказите.

Според обвинението, Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар, за градежно земјиште во Струмица кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира.

Почетокот на денешното рочиште е закажан во 10 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...