fbpx

Заев ги претстави замениците министри, пратениците ќе расправаат за изборот

-

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница ја соопшти листата со кандидати за заменици министри и кажа дека станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари.

– Новата влада ќе биде насочена кон реформите и кон водење инклузивен процес преку вклучување на опозицијата, граѓаните, академската заедница. Активностите се насочени кон реформи и кон унапредување на севкупниот живот на граѓаните во Македонија. Луѓето што се предложени знаат дека ќе добијат одговорна задача и дека треба да ги извршуваат задачите според законите и Уставот заради подобрување на животот на сите граѓани на Македонија – рече Заев.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во однос на предлозите за заменици министри рече дека најспорен е предлогот за заменик министер за надворешни работи, Арта Точи, која, како што наведе, тврдела дека Западна Македонија треба да припадне на Албанија, а земјата ја ословува со ФИРОМ.

За заменик министер за одбрана е предложен Беким Максути, за внатрешни работи – Агим Нухиу, за правда предложен е Оливер Ристовски, за надворешни работи – Арта Точи, за финансии – Ширете Елези, за економија – Кире Наумов, за шумарство и водостопанство предложен е Власте Димковиќ, за здравство – Гоце Чакаровски, за труд и социјална политика – Елми Назири, за локална самоуправа – Дејан Павлевски, за заменик на министерот Алаѓозовски предложен е Владимир Лазовски, за заменик на министерот за информатичко општество и администрација предложен е Владимир Бајдевски, за транспорт и врски – Ремзи Мехмети и за заменик министер за животна средина и за просторно планирање предложен е Јани Макрадули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...