fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Српската опозиција во собранието бара итна седница по изјавите на Вучиќ

Пратеничкиот клуб на опозициската Демократската странка во српското собрание бара итни седници на комисиите за контрола на службите за безбедност и за одбрана и внатрешни работи, поради ситуацијата во односите меѓу Србија и Македонија. Од партијата велат дека е неопходно пратениците да бидат информирани за состојбата со односите со Македонија, за деталите и сознанијата на службите, причините за повлекување на...

Заев и Вучиќ во „долг и отворен“ разговор се договориле за дијалог и соработка

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале „долго и отворено“, за време на денешниот телефонски разговор, во кој ги разгледале сите „новононастанати околности“ во односите меѓу двете земји, Во заедничкото соопштение по разговорот, се наведува дека Заев и Вучиќ постигнале согласност околу пет точки. Тие се договориле дека Македонија и Србија исклучиво преку дијалог ќе го решаваат секое...

Брисел ги повика Македонија и Србија на воздржаност

Европската комисија ги повика властите во Скопје и во Белград да покажат воздржаност и по мирен пат да го решат прашањето со повлекувањето на персоналот на српската амбасада во Скопје. Портпаролот на Европската комисија вели дека дипломатскиот инцидент е билатерално прашање на двете земји кое Европската Унија внимателно го следи. - Очекуваме двете страни да покажат воздржаност и прашањето да го...

Заев се надева дека со Вучиќ ќе ги решат недоразбирањата

Без какви било предвремени заклучоци го почитуваме и поддржуваме повикот на официјален Белград да ги заштитиме билатералните односи меѓу Србија и Македонија и да воспоставиме стандарден кодекс на однесување, изјави премиерот Зоран Заев за српски „Блиц“ и изрази надеж дена на денешните разговори со претседателот Александар Вучиќ ќе се решат сите евентуални недоразбирања. - Владата во Скопје никогаш ниту имала...

ЦО на СДСМ: Остануваме отворени за можен коалиционен настап на локалните избори

СДСМ е целосно подготвена за убедлива победа на претстојните локални избори, оцени претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на вчерашниот Централниот одбор на партијата, одржан во проширен состав. - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е фаворит на локалните избори. Граѓаните ги препознаа новите политики, новите вредности, кои носат повисок животен стандард, повеќе пари кај граѓаните, професионални и независни институции. Со...

Заев на 26 август на неформална средба со лидерите од Западен Балкан во Драч

На 26 август во Драч премиерот Зоран Заев ќе присуствува на неформална средба на претседателите на влади на земјите на Западен Балкан посветена на регионалната интеграција, информираат од владината прес-служба. На средбата, на која домаќин ќе биде албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на...

Европската зелена партија е подготвена да помогне со експерти за животна средина

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со делегација од Европската зелена партија, предводена од Рајнхард Бутикофер, пратеник во Европскиот парламент придружувани од претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска. Од влада информираат дека, голем дел од состанокот бил посветен на мерките за заштита на животната средина во Македонија и за надминување на постоечките проблеми, како што се големото загадување на воздухот, доделени сомнителни...

Џафери до Заев: Пратенички прашања може, но по локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери во одговорот на писмото на премиерот Зоран Заев, вели дека пратеничките прашања се предвидени со Деловникот на законодавниот дом и уверува дека тие ќе почнат да се реализираат по локалните избори. „Собранието во Деловникот го има регулирано прашањето на пратеничките прашања, а идејата, односно подготвеноста на Владата за целосна транспарентност и надзор да се овозможи...

Владата го осуди нападот во Барселона и сочувствува со семејствата на жртвите

Владата на Република Македонија го осуди терористичкиот напад во Барселона и изрази жалење до семејствата на жртвите како и до државите од кои доаѓаат, информираат од влада. Од владата се надеваат дека, граѓаните на Барселона и туриститите веќе се безбедни. „Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го укинува најавеното и планирано зголемување на пензиите

Според информациите кои деновиве излегоа во медиумите и во јавноста, пензионерите годинава нема да го добијат планираното зголемување од пет проценти на пензиите, изјави на прес-конференција, Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека „септемвриската пензија ќе биде зголемена за само 180 денари, а не според планираната динамика на владата на ВМРО-ДПМНЕ.“ - Повеќе од 300.000 пензионери на сопствена кожа ќе ја...

Заев бара од Џафери термин еднаш неделно да одговара на пратенички прашања

Премиерот Зоран Заев му испратил писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое бара спикерот, согласно процедурите на законодавниот дом, да одреди термин за одржување на неделни тематски пратенички прашања со траење од еден час. Ваквото барање, како што наведува Заев во писмото е во контекст на целосното спроведување на планот „3-6-9“, и грижата надзорната функција на Собранието и...

Заев-Бејли: Договорот со Бугарија ги зајакнува напорите на Македонија за побрз влез во ЕУ

Премиерот Зоран Заев и американскиот амбасадорот Џес Бејли денеска ги потврдија пораките пренесени на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба одржан на почетокот на месецов во Подгорица, со кои се зацврстуваат евро-атланските перспективи на земјава, соопшти владината прес-служба. На средбата Бејли ги реафирмирал пораките од билатералната средба на премиерот Заев со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, дека Република Македонија...

ВМРО-ДПМНЕ: Поради несериозноста на Заев и на Николовски изгореа 2,5 илјади хектари шума

Поради несериозноста на Заев и на Николовски изгореа над 2,5 илјади хектари шума или опожарена е дрвна маса од околу 12 илјади кубни метри, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „За неполни три месеци од владата на СДС излезе на виделина нивната неспособност и негрижа за проблемите и потребите на граѓаните. Во Република Македонија активни се 15 пожари, а министерот Љупчо Николовски единствените...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ја нема на терен, Николовски не се грижи за шумите

Влада на СДС ја нема на терен, а министерот за земјоделство, пшумарство и водостопанство мистериозно го снема од земјава покажувајќи целосна негрижа за шумите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во партиското соопштение утрово. Во него се додава дека десетици пожари се активни, а не е откриен ниту еден сторител. „СДС свесно испраќа порака дека секое однесување кое е на штета на граѓаните, кое го доведува во...

Таксистите бараат законите да се прилагодат на реалните состојби со такси-превозот

Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнале со претставници на Асоцијацијата на такси-превозници. Претставниците на асоцијацијата, во името на 53 такси-компании од Македонија, ги кажале проблемите со кои се соочуваат во својата работа и побарале измени во постојната законска регулатива и нејзино прилагодување на реалните состојби во такси-превозот. Заев...

Владата ќе бара решение за проблемите на семејствата на загинатите бранители

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска со претседателот на здружението „Бранители - херои на Македонија од 2001“, Владо Стојанов, разговараа за досегашната државна помош за семејствата на загинатите бранители и за опциите за продолжување на поддршката. На средбата, која се одржа на 16-годишнината од загинувањето на македонските бранители на Карпалак, било посочено дека неколку семејства...

Канческа-Милевска: Заев потпиша договор со Бугарија за да го смени името по грчки терк

Договорот за добрососедство со Република Бугарија што го потпиша владата на Зоран Заев е во спротивност со македонските државни и национални интереси и прави од македонската страна губитник во целиот процес, изјави денеска на прес-конференција поранешната министерка за култура и сегашна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска. - Во членот 2, став 2 од Договорот, Бугарија вели дека ќе се согласи со...

Заев – Бјорнстад: Норвешка ќе помага во области значајни за евроинтеграцијата

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад. На средбата била договорена поддршка од Кралството Норвешка на Македонија во повеќе области значајни за евроатлантските интеграции на земјава. „Станува збор за помош од Норвешка во подобрување на административните и на законските капацитети, во судството, за исполнување на условите од поглавјето 24 од Извештајот на ЕК за Македонија,...

Димовски: Опозицијата ќе реагира ако продолжи игнорантскиот однос на Владата

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Илија Димовски, испратил писмо до премиерот Зоран Заев и до министерот за финансии Драган Тевдовски, во кое остро реагира поради тоа што Владата и парламентарното мнозинство не прифатиле ниту еден од амандманите што ги поднеле за рабалансот на буџетот. „Влада што не е подготвена да прифати ниту еден туѓ предлог, докажува дека нема демократски капацитет. Пратениците од Коалицијата...

ВМРО-ДПМНЕ ги покани Заев и Царовска на седницата за мигрантите и за бегалците

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија денеска повторно ги повикаа премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, да присуствуваат во Собранието на јавната расправа за владината стратегија и за акцискиот план за мигрантите, бегалците и за странците за периодот од 2017 до 2027 година. „Ова е втор повик и покана до премиерот...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...