fbpx

Димовски: Опозицијата ќе реагира ако продолжи игнорантскиот однос на Владата

-

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Илија Димовски, испратил писмо до премиерот Зоран Заев и до министерот за финансии Драган Тевдовски, во кое остро реагира поради тоа што Владата и парламентарното мнозинство не прифатиле ниту еден од амандманите што ги поднеле за рабалансот на буџетот.

„Влада што не е подготвена да прифати ниту еден туѓ предлог, докажува дека нема демократски капацитет. Пратениците од Коалицијата што имаше најголем број на гласови на последните парламентарни избори, поднесоа во прва фаза 706 амандмани, а во втора фаза 89 амандмани, кои се реални и произлегуваат од барањата и од потребите на граѓаните. Во овие амандмани имаше предвидено средства за крупни стратешки проекти, како и средства наменети за решавање на голем број локални проблеми на граѓаните низ цела Македонија“, се вели во писмото.

Димовски оценува дека е несериозно и недозволиво Владата, Министерството за финансии и парламентарното мнозинство да ги игнорираат потребите и проблемите на 454.577 граѓани на Република Македонија, застапувани од 51 пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Убедени сме дека овие амандмани беа добра основна за квалитетна и конструктивна расправа на Комисијата за финансирање и буџет и сметаме дека барем дел од овие амандмани требаше и можеше да се прифатат во интерес на граѓаните на Република Македонија. Ветувавте инклузивност и соработка, а не прифативте ниту еден амандман од 58 опозициски пратеници, од кои 51 од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија и од 7 пратеници од другите опозициски партии во Собранието на Република Македонија. На таков начин покажавте и докажавте дека подадената рака за соработка што ја најавувавте и ја баравте е само флоскула и ништо повеќе“, реагира Димовски и додава дека опозицијата ќе ги искористи сите демократски и деловнички можности во Собранието доколку продолжи игнорантскиот однос на Владата и на парламентарно мнозинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...