fbpx

Српската опозиција во собранието бара итна седница по изјавите на Вучиќ

-

Пратеничкиот клуб на опозициската Демократската странка во српското собрание бара итни седници на комисиите за контрола на службите за безбедност и за одбрана и внатрешни работи, поради ситуацијата во односите меѓу Србија и Македонија.

Од партијата велат дека е неопходно пратениците да бидат информирани за состојбата со односите со Македонија, за деталите и сознанијата на службите, причините за повлекување на целокупниот персонал од амбасадата во Скопје, како и „признанието на Вучиќ за присуството на припадник на БИА во Македонија“ и нивната улога во протестите на 27 април.

Собранието, велат од ДС, мора да биде информирано и за сите детали од резговорот меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ со македонскиот премиер Зоран Заев.

Како што јавуваат српските медиуми Вучиќ утре ќе ја прими амбасадорката на Македонија Вера Јовановска – Типко. Средбата е закажана во 11 часот, соопштиле од службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Заев и Вучиќ денеска во телефонски разговор ги договорија принципите на кои ќе ги темелат односите меѓу двете земји, а пред дека сите евентуални несогласувања ќе ги решаваат преку дијалог.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...