fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Владина делегација од 2 до 4 септември во официјална посета на Израел

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерите Кочо Анѓушев и Оливер Спасовски и со министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бекташи и Љупчо Николовски, од 2 до 4 септември ќе престојува во официјална посета на Израел на покана на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. На 3 септември Заев ќе има средба со израелскиот претседател Рувен Ривлин, ќе положи венец на меморијалниот...

Заев во Велес: Ја барам вашата поддршка за целосно да ја укинеме проклетата сиромаштија

Премиерот Зоран Заев денеска во Велес соопшти дека кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во оваа општина ќе биде Аце Коцевски и побара поддршка од граѓаните за централната заедно со локалната власт да работи на подобрување на економијата. - Ја барам поддршката од граѓаните заедно со Владата на Република Македонија, со новите општини по локалните избори да работиме на...

СДСМ во Арачиново за локалните избори ќе ја кандидира Милитие Халими

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на Арачиново, по повод Курбан-бајрам, соопшти дека СДСМ на претстојните локални избори за градоначалник ќе ја кандидира Милитие Хаилими. - Во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, која со семејството потекнува од ова место. Утврдивме 70 отсто од кандидатите на СДСМ за градоначалници,...

Планот „3-6-9“ се спроведува забрзано, ѝ соопштил Заев на бриселската тројка

Премиерот Зоран Заев денеска со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн разговарал за актуелната политичка состојба во Република Македонија во пресрет на локалните избори, спроведувањето на зацртаниот реформски процес, како и за надворешната политика и за евроатлантските процеси. На сребата Заев ги информирал дека спроведувањето на реформскиот план „3-6-9“ е инклузивен процес што се одвива со засилено...

Томиќ на Заев му пренела позитивни и конструктивни реакции од Србија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со српската амбасадорка во земјава, Душанка Дивјак–Томиќ, која изразила благодарност за конструктивноста во унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Србија, соопшти владината прес-службата. Томиќ на Заев му ги пренела „позитивните и конструктивни реакции од Србија за понатамошна блиска соработка“. - Пренесувам и благодарност за поддршката од Владата на Македонија, седиштето на Транспортната заедница да биде...

Заев – Коѕиас: Ако Македонија се придвижи напред, тоа ќе биде добро за целиот регион

Само позитивен пристап во решавањето на отворените прашања меѓу државите, со меѓусебно почитување и разбирање, е иднината на регионот, истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, кој денеска е во посета на Македонија. На сребата, која, како што соопштија од владината прес-служба, поминала во пријатна и во конструктивна атмосфера, Заев и Коѕиас се заложиле...

Коѕиас во посета на Скопје, на средби со државниот врв и со политичките партии

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, денеска е во еднодневна посета на Македонија, за време на која ќе оствари поединечни средби со претставниците на државниот врв. Коѕиас, кој утринава со автомобил допатува во Македонија, прво ќе се сретне со министерот за надворешни работи на земјава, Никола Димитров, по што двајцата ќе дадат изјави за медиуми. По средбата со Димитров, грчкиот министер за...

Заев – Шутановац: Соработката на државите во регионот ќе обезбеди економски просперитет

Премиерот Зоран Заев денеска примил делегација на Демократската странка (ДС) од Србија, предводена од претседателот на партијата, Драган Шутановац. На средбата, Заев изразил задоволство од брзото надминување на ситуацијата создадена со повлекувањето на дипломатскиот персонал во Амбасадата на Република Србија во Скопје и истакнал дека е договорено двете земји да ги решаваат сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи исклучиво по...

Компанијата „Џенерал електрикс“ заинтересирана за инвестиции во енергетиката

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретнале со претставници на „Џенерал електрикс“, предводени од генералниот директор на компанијата за Југоисточна Европа, Гаетано Масара. Претставниците од оваа компанија посочиле дека постои голем интерес за инвестиции во енергетиката во Македонија и имале позитивни очекувања во однос на иницијативата за нов закон за енергетика. Заев соопштил дека Владата интензивно работела...

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски и Заев вршат притисок врз вработените во државните институции

„СДС спроведува тортура врз вработените во јавната и во државната администрација. Владата на дело го реализира ветеното од Заев за јадење живи луѓе“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на која тој обелодени дека 600 лица вработени до Државниот секретаријат примале плата, а не оделе на работа. „Рашковски и Заев ја злоупотребуваат власта и...

Заев: За кандидатите за градоначалници ќе се водиме според анкетите

Кандидатите за градоначалници и советници во општините, СДСМ ќе ги бира според резултатите од анкетите кои се во тек, соопшти денеска премиерот Зоран Заев за време на посетата во Берово. - Општините во севкупниот живот на граѓаните се сериозен фактор со влијание. Под нив се училиштата, градинките, комуналните претпријатија, допираат во секоја сфера од животот и семејството. Затоа да бидеме...

Заев за празникот Пресвета Богородица порача дека Македонија е се што имаме

Премиерот Зоран Заев, денеска во Струмица од храмот на Пресвета Богородица во Струмица им го честиташе верскиот празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни христијани во земјата. „Ова е еден од нашите поголеми христијански празници кога треба да сме во нашите цркви, со нашиот народ, за да споделуваме христијански вредности. Споделувањето на христијанските вредности значи дека сме добри луѓе,...

Заев очекува од Нимиц нови предлози за името до крајот на годината

Премиерот Зоран Заев денеска во Драч изјави дека очекува од специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, да добие нови предлози до крајот на годинава. - Очекувам до крајот на годината да има нови идеи од Нимиц за решавање на овој проблем. Убеден сум дека позитивниот амбиент што постои...

Заев: Заедничкиот настап на економски план ќе ги привлече инвеститорите во нашите земји

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан денеска од албанскиот град Драч ја поздрави соработката меѓу земјите од Западен Балкан и порача дека очекува конкретизирање на активностите за реализација на Акцискиот план од Трст за олеснување на економската соработка меѓу државите. - Сега клучен приоритет е да се изгради регионална економска област, да се зајакне економскиот раст и да...

Брнабиќ го покани Заев да ја посети Србија во ноември

Македонскиот премиер Зоран Заев во ноември ќе го посети Белград, соопшти денеска во Драч српската премиерка Ана Брнабиќ. - Денеска разговарав со Заев за настаните од изминатите денови. Имавме доста добро разбирање за следните наши чекори. Го повикав и се договоривме да ја посети Србија во ноември – изјави Брнабиќ по средбата одржана на маргините на неформалниот состанок на премиерите...

Неформален состанок на премиерите од земјите од Западен Балкан во Драч

Премиерот Зоран Заев денеска во албанскиот град Драч ќе учествува на неформалната средба на претседателите на влади на земјите од Западен Балкан, посветена на регионалната интеграција. На средбата, на која домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан. На состанокот ќе учествуваат...

Брнабиќ ќе го покани Заев на заедничка владина седница, најави Вучиќ

Српската премиерка, Ана Брнабиќ ќе испрати покана до премиерот Зоран Заев за одржување на заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годината во Белград. Ова, меѓу другото, го истакнал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска - Типко. На средбата, како што се наведува во соопштението на официјалната интернет-страница...

Заев и Ел Шинави разговарале за продлабочување на економската соработка

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Египет во Македонија во заминување, Манал Џеина ел Шинави. На средбата разговарале за можностите и начините за продлабочување на економската и соработката во областа на туризмот помеѓу Македонија и Египет. Двајцата соговорници договориле да се разгледаат законските можности и олеснувања, што би можеле да ги мотивираат бизнисмените за инвестиции во двете држави. Ел...

Од 1 октомври се враќа евтина струја од 14 до 16 часот

Од 1 октомври ќе се врати евтината струја, било одлучено на владина седница, а соопшти денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Мерката ќе чини осум милиони евра, пари кои, како што рече Заев, ќе се вратат кон граѓаните. Евтината струја ќе биде во периодот од 14 до 16 часот и од 22 до 7 часот секој ден, додека во недела...

Војниците се сретнаа и со Заев и од него побараа подобрување на нивниот статус

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со Независниот синдикат на професионалните војници, при што тие го информирале за стандардот на вработените професионалци во Армијата на Република Македонија и побарале поддршка од владата за подобрување на социјалниот статус на професионалните војници. На средбата било разговарано и за законската обврска, според која, државата е обврзана да обезбеди вработување на професионалните војници на неопределено време во...

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...