fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Брглез: По Црна Гора, време е Македонија да влезе во НАТО

Фокусот од Црна Гора го префрламе на Македонија, сега е време Република Македонија да влезе во НАТО, порачал претседателот на словенечкиот парлемент, Милан Брглез, на средбата со премиерот Зоран Заев. „Ви честитам за сè што постигнавте по политичката криза и за успешните позитивни промени што се случуваат во државата, во односите со соседите и на меѓународен план. Добро е да...

Претседателот на Државниот збор на Словенија, Милан Брглез, во посета на Скопје

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез, денеска престојува во официјална посета на Македонија. Тој во 9.45 ќе биде пречекан на главниот влез на Собранието со високи државни и воени почести. Во 10 часот Брглез ќе има тет-а-тет средба со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери. Во 11 часот претседателот на Државниот збор на Словенија ќе има заедничка средба...

Заев – Герберих: Германија ги поддржува реформските процеси

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Томас Герберих, новоименуваниот амбасадор на Република Германија во Република Македонија. Герберих, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека се случува позитивен и охрабрувачки развој на Република Македонија преводен од новата влада. - Охрабрува реформската посветеност на Владата за обезбедување квалитетен живот на граѓаните и колку добро ги развивате односите со соседите за што...

Заев – Жбогар: Постои голем оптимизам во Брисел дека Македонија оди напред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, а на средбата Заев порачал дека владата е решена да гради квалитетен живот за сите граѓани. Евроамбасадорот, како што извести Владата, рекол дека во Брисел постои оптимизам за идните чекори на Македонија и дека земјата ја има досега најголемата шанса за напредок во евроинтеграциите. - Постои голем оптимизам во Брисел...

Час поскоро видете ги ќелиите во „Шутка“, му порача новинарот Кежаровски на Заев

Новинарот Томислав Кежаровски, откако половина од затворската казна ја помина во Истражниот затвор „Скопје“, во Шуто Оризари, денеска му порача на премиерот Зоран Заев да ги види ќелиите во притворот во Шутка. Поводот за овој фејбук-статус на Кежаровски беше посетата на премиерот на затворот „Идризово“, при што тој беше „засрамен од условите“. „Ги поздравувам Вашите настојувања да се подобрат условите во затворот...

Заев: Ќе бидеме пример за светот и ќе понудиме достоинствен живот на децата со пречки

Премиерот Зоран Заев денеска во име на Владата даде целосна поддршка на документот „Меѓународна класификација на функционирање“, од новата фаза од кампањата „Биди фер, за детство без пречки“ во организација на УНИЦЕФ. На промоцијата, на која покрај него беа и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и министерката за образование, Рената Десковска, како и претставникот на УНИЦЕФ во...

Заев се засрамил од условите во затворот „Идризово“ и најави закон за амнестија

Срам ми е што сум премиер на држава со вакви затвори, изјави премиерот Зоран Заев по денешната посета на затворот „Идризово“. Заев ја посети казнено-поправната установа заедно со народниот правобранител, Иџет Мемети, и со извршната директорка на на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Заев не го криеше разочарувањето од условите во затворот. - Овде нема минимум услови за издржување...

Јовановски: Братучедот на Заев купил дел од „Герас Цунев“ по багателна цена

„Κланот Заеви повторно со матни зделки го шират бизнисот и купуваат компании по багателни цени. Трајче Заев со само 10 евра за квадратен метар стана сопственик на конфекцискиот гигант ’Герас Цунев’“, рече на прес-конференција пред Владата денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски. Тој појасни дека Трајче Заев за само 20.000 евρа купил 22,25 пρоценти аκции од стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“,...

Брнабиќ: Србија ќе даде сѐ од себе за да има најдобри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчеравечер на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија. порача дека Србија ќе даде сѐ од себе за со Македонија да има само најдобри односи. Таа рече дека не разговарала со својот македонски колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска-Типко околу можноста Македонија да го...

Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК

„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.  Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот и претседател на СДСМ,...

Македонија одбележува 26 години независност

Република Македонија денеска одбележува 26 години од референдумот на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, повеќе од 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 Септември 1991 година позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. На референдумот му...

Распоред на настани, свечености и прослави за Денот на независноста

Денеска и утре во Скопје ќе се одржат централните свечености по повод прославата на 8 Септември - Денот на незавиноста, кој годинава се одбележува под мотото „Македонија слободна, слободно живее“. Денеска: 13 часот:  Свечено менувањето на државното знаме пред кабинетот на претседателот на државата во Вила Водно;  17.30 часот:  Централната прослава почнува пред Владата, со изложби, театарски претстави и со настапи на гудачкиот...

Заев ќе биде покровител на конференцијата на децата бегалци од Егејска Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска ја прифатил поканата на Сојузот на здруженијата на Македонци од Егејска Македонија да биде покровител на петтата конференција на децата бегалци од Егејска Македонија, која е планирано да се одржи од 19 до 21 јули следната година во Скопје, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата. Заев, заедно со министерот без ресор задолжен за дијаспората,...

Заев во Њујорк на ГС на ОН ќе има средби со Трамп, Гутереш, Могерини и со Туск

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија, на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк од 17 до 23 септември, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата. Во составот на делегацијата ќе бидат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Заев ќе присуствува на отворањето на работата на...

Заев: Ќе има нула толеранција за изборни злоупотреби

Испраќам порака до владините и до државните институции дека ќе има нула толеранција за изборни злоупотреби, рече премиерот Зоран Заев на денешната конференција „Одвојување на државата од политичките партии“, во организација на Граѓанската асоцијација „Мост“. - Владата на Македонија гради институции за и на граѓаните и има цел на претстојните локални избори да ги заштити граѓаните од партиски злоупотреби. Вршителите...

Заев: Стоте дена ги посветивме на граѓаните, на економијата и на пријателство кон соседите

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција даде отчет за сработеното во првите 100 дена од формирањето на Владата - под мотото „Зборот е збор“. Заев подвлече дека активностите и мерките на Владата во првите сто дена биле насочени кон пет сектори: враќање на парите кај граѓаните, економијата, враќање на институциите во служба на граѓаните, пријателство со соседните земји и отвореност...

Заев – Нетанјаху: Македонија и Израел заедно стојат на страната на мирот во светот

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска се сретна со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. Двајцата лидери испратиле порака дека стојат заедно на страната на мирот во светот. - Гледаме заедно кон подобра иднина. Ги разгледуваме начините и полињата каде што можеме да соработуваме во интерес на луѓето и на нашите земји. Научивме од минатото како да ја обезбедиме...

Заев во Израел доби признание за придонес во развојот на демократијата

Светскиот еврејски конгрес и Израелскиот совет за меѓународни односи на премиерот Зоран Заев му доделија признание со благодарност за неговиот личен придонес во развојот на демократијата, пријателствата во светот, европските вредности, економската соработка помеѓу Македонија и Израел, како и за почитта и за заштитата на еврејското историско и културно наследство во Македонија. - Радикализмот и екстремизмот се проблеми кои се...

Заев – Ривлин: Можност за интензивирање на безбедносната и на економската соработка

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска, за време на официјалната посета во Израел, се сретна со израелскиот претседател Руевен Ривлин. На средбата се разговарало за можностите за интензивирање на соработката, соопшти владината прес-служба. - Владата е насочена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните и мотивација младите да останат да работат и да живеат во родната земја. Интеграциите во ЕУ и...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со становите за бегалци поради страв од пораз на изборите

Референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за одвлекување на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање при неговата посета во Велес. - Македонија не е толку добра земја за бегалците да останат овде. Дај боже да е добра...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...