fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Собранието ја продолжува расправата за Законот за употреба на јазиците

Собранието денеска ќе ја продолжи 15. седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазициите. Предлог-законот е со европско знаменце, односно треба да биде донесен по скратена постапка. Расправата по оваа точка на претходните продолженија на седницата се одвиваше во тензична атмосфера, бидејќи пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека законот е неуставен, дека е резулатат на политички...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ со законот за амнестија прави изборна корупција

Одлуката на Владата на СДС за носење на амнестија е неиздржана и дневно политичка, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за амнестија усвоен вчера на владина седница. „Заев, иако ветува, нема да донесе амнестија пред изборите, но на овој начин сака да ги излаже и затворениците да гласаат за нив на изборите. Ова се вика и изборна корупција....

ИРИ: Пораст на рејтингот на СДСМ и на Заев, пад на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ

Огромен пораст на увереноста на граѓаните дека Македонија се движи во добра насока и дека економијата може да се развива е забележан за помалку од половина година, покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Анкетата покажува и значителен пораст на довербата во Зоран Заев и во СДСМ, но и пад на довербата во ВМРО-ДПМНЕ и во Никола Груевски, на централно, како и...

Заев се сретнал со еден од првите луѓе на „Гугл“ и разговарале за соработка

Премиерот Зоран Заев во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави се сретнал со Џерад Коен, еден од првите луѓе на една од најразвиените светски компании „Гугл“. На состанокот, како што информираат од Владата, било разговарано за соработка помеѓу компанијата „Гугл“ (Google Jigsaw) и била поставена основа за развивање на таа соработка. На средбата, лицата што го придружувале високиот претставник на компанијата,...

Заев и Трамп се ракувале во седиштето на Обединетите нации

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретнал и се ракувал со американскиот претседател Доналд Трамп. Заев на својата фејсбук-страница тој сподели фотографија од ракувањето со претседателот на САД, Трамп, и напиша дека тој дал поддршка за иницијативата на Трамп преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Во Њујорк сум...

Заев во Њујорк на ГС на ОН и на средби со Трамп, Гутереш, Могерини и со Туск

Премиерот Зоран Заев од денеска до 23 септември ќе присуствува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, САД, соопшти владината прес-служба. Во составот на делегацијата предводена од Заев, ќе бидат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Премиерот ќе присуствува на отворањето на работата на Генералното собрание на ОН и...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака да ја покрие својата неспособност со апсурдни прес-конференции

Владата и СДСМ не можат да ја покријат својата неспособност со апсурдни прес-конференции на кои изнесуваат невистинити бројки и податоци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. - Ставиле сè на куп, и за промоција на туризмот, и за плати на вработени, и за инфраструктура, и за сè, само за да ги напумпаат бројките и...

Заев би го вратил Таравари на министерската функција ако не стане градоначалник

Премиерот Зоран Заев е подготвен да го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако тој изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка. Гостувајќи во емисијата „Топ-тема“, Заев рече дека не е проблем Таравари да се врати ако загуби на изборите, оти демократијата подразбира право за битка за гласовите на граѓаните. Тој нагласи дека, пред сè,...

Заев: Имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле против Грција

„И ние имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле, немојте да мислите дека ги немаме поради тоа што не ги употребуваме. Веројатно и Грција има такви адути, но тоа е нејзина работа“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање за спорот за името со Грција во вечерашната емисија „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Премиерот Заев кажа дека новата власт...

Заев се консултирал со Бејли за ОН, амбасадорот ги поздравил реформските напори

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со амбасадорот на САД, Џес Бејли, заради консултации во врска со претстојното 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), кое ќе се одржува во Њујорк од 17 до 23 септември. Притоа, како што соопшти Владата, амбасадорот на САД ги поздрави напорите на новиот кабинет и неговите постигнувања во сферата на надворешната политика. „На средбата...

Анкета: СДСМ води со 3,4 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, Заев со 6,5 отсто пред Груевски

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ е со поголема доверба кај граѓаните од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, покажува вториот дел од анкетата спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и од телевизијата „Телма“, која беше презентирана вечерва. На прашањето, во кој политичар имате најголема доверба, за Зоран Заев се изјасниле 26,2 отсто од испитаниците, а за Никола Груевски 19,7...

Заев се сретна со делегација на Партијата на Македонците во Србија

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Партијата на Македонците во Србија, предводена од претседателот на партијата, Горан Илиевски, во придружба на основачот на оваа партија, Драган Доневски. Од Владата информираат дека претседателот и основачот на Партијата на Македонците во Србија изразиле надеж дека ќе имаат можност да организираат настан кој би можел да биде вклучен во агендата на премиерот Заев...

Владата со програма за пораст преку поддршка и на домашните и на странските компании

„Новиот план за економски пораст во земјава што го подготви Владата има цел транспаретно да ги стимулира фирмите што бележат пораст и го зголемуваат извозот, но и да ги стимулира компаниите да отвораат добро платени работни места и да отвораат развојни центри. Крајната цел е да се постигне развој од кој корист ќе имаат граѓаните“, рече премиерот Зоран Заев...

ВМРО-ДПМНЕ: Ајде да ги расчистиме дилемите на предвремени парламентарни избори

Во врска со анкетата што „Телма“ ја објави во соработка со „М-Проспект“ и со МЦМС, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги повика СДСМ и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДСМ, се вели во реакцијата на опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека само...

Саша Богдановиќ е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар

Саша Богдановиќ, директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи - Општина Центар“, ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар, потврди лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот со лидерите на 21 партија за предизборна коалиција. Заев ја потврди кандидатурата на Богдановиќ откако актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, се повлече од...

Европскиот стандард ќе го достигнеме за 30 години ако БДП има пораст од 4 процнети

Македонските граѓани ќе го достигнат европскиот стандард на живот за 30 години доколку во наредните години домашниот бруто-производ (БДП) има пораст од 4 проценти, а порастот на БДП во ЕУ е 2 проценти. Ова го покажува најновата студија на Владимир Глигоров од Виенскиот институт, која денеска беше презентирана во „Холидеј ин“. На презентацијата, меѓу другите, присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања,...

Заев вети државна помош за компаниите што остваруваат добри резултати

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со бизнисмените од македонско-германското стопанско здружение најави нови мерки од страна на Владата за поддршка на странските компании. Тој рече дека компаниите ќе бидат поддржани доколку остварат одреден економски пораст на крајот на годината и дека поддршката ќе зависи од ефикасноста во нивното работење. Заев посочи дека оваа поддршка компаниите можат да ја искористат...

Заев: Можевме во МРТ да ја смениме целата гарнитура, но ќе ги почекаме реформите

„Можевме во МРТ политички да ја промениме целата гарнитура, како што бил трендот и претходно, но во време кога зборуваме за реформи, меѓу кои едни од најзначајните се медиумските реформи, тоа треба да се случи со реформите. Заев не треба да поставува директор таму или, пак, СДСМ, ниту пак уредници“, рече премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата „Отворено“ на...

Жерновски влегува во централната власт, СДСМ ќе има свој кандидат за Центар

Сегашниот кандидат за градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, ќе ја повлече кандидатурата за втор мандат на претстојните локални изброи, соопшти премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на „Телевизија 24“. - Со Андреј Жерновски долги години имавме одлична соработка. Договоривме да биде активен чинител во централната власт и со неговата стручност и искуство ќе учествува во сето она што преставува...

Трудо до Заев: Го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во НАТО

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, упатил писмо со честитки за изборот за премиер на Зоран Заев во кое изразува надеж за плодна соработка во иднина, соопшти владината прес-служба. „Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите Вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на Вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации и...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...