Жерновски влегува во централната власт, СДСМ ќе има свој кандидат за Центар

-

Сегашниот кандидат за градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, ќе ја повлече кандидатурата за втор мандат на претстојните локални изброи, соопшти премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на „Телевизија 24“.

– Со Андреј Жерновски долги години имавме одлична соработка. Договоривме да биде активен чинител во централната власт и со неговата стручност и искуство ќе учествува во сето она што преставува можност. Остава зад себе сериозни проекти. Има свој политички габарит и иднина. Ќе учествува во централната власт, значи ќе ја повлече својата независна кандидатура и ќе застане зад кандидатот за кој ќе се одлучат органите и телата на СДСМ заедно со коалиционите партнери. Неговата перспектива е и во органите на партијата, најверојатно ќе биде и еден од новите членови на централниот одбор – изјави Заев.

Според Заев, сè уште е неизвесно кој ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, а во игра се повеќе имиња.

Официјалната одлука на партијата ќе биде донесена денеска.

Жерновски пред 10 дена ги собра законскиот број потребни потписи за да се кандидира за независен кандидат на локалните избори закажани за 15 октомври.

Тој преку својот фејсбук-профил порача дека поразот на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори е поважен од сè друго.

„Имаме заеднички политички противник, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека само со заеднички сили можеме силно да го поразиме. Тоа е поважно од сè друго“, напиша Жерновски.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...