„И ние имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле, немојте да мислите дека ги немаме поради тоа што не ги употребуваме. Веројатно и Грција има такви адути, но тоа е нејзина работа“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање за спорот за името со Грција во вечерашната емисија „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“.

Премиерот Заев кажа дека новата власт бара помош од Грција и сака конструктивно да разговара, но не по секоја цена.