fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев: За проблемот на секој граѓанин, ако треба цела држава ќе помогне

Секој граѓанин, со каков предизвик и да се соочи, градоначалникот, општината, ако треба цела држава, ќе застане зад него да помогне. Граѓаните ќе кажуваат што ќе се гради. Што ќе кажат граѓаните, тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Берово. – Ќе изградиме...

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека со насилство сака да ја освои власта

СДСМ се обидува да отствари изборен резултат со брутално насилство и со учество на криминалци, како и со злоупотреби на капацитетите на државата, обвини Никола Србов, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на партиска прес-конференција. - Државата и институциите се веќе целосно заробени. Луѓето чии усти беа полни со демократија, сега истата ја укинаа на најбрутален начин. Вакво помрачување не...

Заев од Аеродром: Промените не се комплетни без промени во општините

Промените не се комплетни без промени во општините во Македонија, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во општина Аеродром. Заев, како и кандидатите за градоначалници на Градот Скопје и на општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, вети проекти и вложувања во инфраструктурата, екологијата, спротот, економијата...

Давутоглу на средбата со Заев: Иднината на Македонија е во НАТО

Македонија веќе е успешна приказна и иднината на земјата е во НАТО, порачал поранешниот премиер на Турција и актуелен пратеник во турскиот парламент, Ахмет Давутоглу, на средбата со премиерот Зоран Заев. - Република Македонија веќе е успешна приказна, бидејки прогресот е видлив, државата е клучен фактор за стабилноста на Балканот и продолжете да работите со енергичната посветеност на реформите, вашата...

ДУИ: Давутоглу рече дека Ахмети е клучен фактор за стабилноста во Македонија

Поранешниот турски премиер, Ахмет Давутоглу, на денешната средба со претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Скопје, рекол дека Ахмети е клучен фактор за стабилноста на Македонија и на регионот, земајќи предвид дека Албанците живеат во шест држави низ регионот и се главна оска на стабилноста на Балканот, соопшти ДУИ. Претседателот на партијата на средбата со Давутоглу, кој...

Рочиштето за „Поткуп“ oдложено, судот одби да ги изземе снимките објавени на „Јутјуб“

Рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој првообвинет е премиерот Зоран Заев, денеска беше одложено поради боледување на судијката Дијана Груевска-Илиевска. Следното рочиште е закажано за 20 ноември. Судијката Ленка Давиткова на одбраната ѝ го врачи решението од Основниот суд Скопје 1 дека одбиено им е барањето од предметот да бидат изземени доказите од посебните истражни мерки (ПИМ), односно снимките што беа објавени...

Заев – Гловер: Ќе има строги санкции за секој што ќе ја наруши регуларноста на изборите

Не смееме да дозволиме поради изборни нерегуларности да ги доведеме во прашање нашите евроатлантски аспирации, на кои работевме многу во изминатите неколку месеци, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори, Одри Гловер. Заев посочил дека ќе има строги санкции за секој поединец или организација што ќе се осмелат да се...

Македонија живее нова ера ослободена од режимот на Груевски, порача Заев од Битола

Централниот карван на СДСМ во Битола ја почна кампањата за локалните избори под мотото „За живот во сите општини“. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека ја бара поддршката за граѓаните да имаат достоинствен живот во земјата и додаде дека очекува победа во Битола со повеќе од 5.000 гласа разлика. - Ни треба вашиот влог за да работиме заедно, за живот...

Заев на средба со делегација на ОБСЕ: Очекуваме победа на слободни и демократски избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска заедно со потпретседателот на партијата, Дамјан Манчевски, шефот на изборниот штаб, Миле Зечевиќ, и со Стевица Јосифовски од правниот комитет на СДСМ, се сретна со делегација на ОБСЕ, предводена од Нина Соумалаинен, шефица на ОБСЕ во Скопје, и од Џеф Били, раководител на политичкиот оддел. На средбата претставниците на СДСМ и на ОБСЕ разговарале за актуелната...

Жешка судска недела за Груевски, Заев и за Талески

Скопскиот Кривичен суд за оваа недела на распоредот има набиена агенда на рочишта за случаите „Тврдина 2“, „Поткуп“, „Шамари“ и „Транспортер“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста, а од кои три се по обвиненија поднесени од Специјалното јавно обвинителство. На обвинителната клупа треба да седнат лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски,...

Од денеска до 13 октомври партиите и кандидатите во кампања за локалните избори

Kампањата на кандидатите за градоначалници на локалните избори почнува денеска и ќе трае до 13 октомври. Вчера кандидатите за градоначалници потпишаа кодекс за фер и демократски избори. Со тоа тие се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и во државната администрација, во други институции или установи, финансирани од буџетот на државата, буџетите...

Груевски: Заев е донесен на власт да го реши спорот за името како што сака Грција

Зоран Заев е донесен на власт да го реши спорот за името така како што сака Грција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за телевизија „Сител“. Тој рече дека се чека да завршат локалните избори за да почнат конкретни преговори. - Главната цел зошто се донесени на власт како поразени на изборите во декември 2016 година е да се реши спорот...

Заев: Предлози за името очекувам догодина, сега не разговараме за суштински прашања

Во моментов градиме пријателски односи со Грција и ја зајакнуваме довербата помеѓу двете страни за да бидеме пријателски настроени за моментот кога ќе треба да се решава сериозниот проблем за името, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која ги сподели впечатоците од учеството на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. За спорот во врска...

Заев се обрати пред студентите на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот на надворешни работи, Никола Димитров, и од министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, беше почесен говорник на Универзитетот „Колумбија“, каде што во организација на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, имаше обраќање на тема „Свеж старт на Балканот: Демократско обновување и еколошко обновување на линија на одржливи развојни цели.“ „Новата Влада ја отвори Македонија...

Заев – Бин Мин: Македонија ќе ја продлабочува економската соработка со Виетнам

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретнале со заменик-премиерот на Виетнам, Фан бин Мин. На средбата било договорено соработката помеѓу двете држави да биде продлабочена на економски план, со вклучување на бизнис-заедниците на двете земји. „Констатирано е дека Виетнам со своите 90 милиони жители е атрактивен нов потенцијален пазар за извоз на Македонија, а Република...

Заев: Наша цел е да ја вратиме демократијата и да ја забрзаме интеграцијата во НАТО и во ЕУ

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност на основните демократски вредности, добро владеење, владеење на правото и почитување на човековите права, рече премиерот Зоран Заев на обраќањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нациии во Њујорк. Заев оцени дека освен прилагодувањата на глобално ниво, потребно е секоја земја да се посвети на решавање и на домашните прашања. „Ние надминавме длабока политичка и институционална...

Гутереш охрабрува за надминување на спорните прашања

„Македонија е еден од најпозитивните примери за меѓукултурен, меѓурелигиски и меѓуетнички соживот. Ја цениме улогата што ја има вашата држава во регионот како фактор што го помага разбирањето и дијалогот меѓу државите. Македонија има голема поддршка од Обединетите нации и таа ќе продолжи и во иднина“, порачал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на средбата со премиерот Зоран Заев...

ОМД: Заев вети дека во 2019 година ќе има попис во Македонија

Премиерот Зоран Заев на средбата со Обединетата македонска дијаспора (ОМД) рекол дека во 2019 година ќе биде спроведен попис на населението во Македонија, тврди ОМД во соопштението за средбата што се одржа оваа недела во Њујорк, каде премиерот со владина делегација присуствува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации. На средбата претседателот на ОМД, Методија Колоски, стои во соопштението, побарал...

Хан до Заев: Продолжете да работите демократски на започнатите реформи

Продолжете да работите демократски на започнатите реформи, тоа што ќе го постигнете е важно за перспективите на вашата држава и за целиот регион, порачал еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Хан ги оценил иницијативите на Владата за добрососедство и регионална...

На Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, Заев ќе се сретне со Хан и со Могерини

Премиерот Зоран Заев, во рамките на активностите за време на Генералното собрание на ОН, денеска ќе учествува на Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, на кој ќе учествуваат шефови на држави и на влади, како и претставници на најголемите светски компании, информираат од владината прес-служба. Во текот на денот, Заев ќе има средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, а...
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...