fbpx

Заев од Аеродром: Промените не се комплетни без промени во општините

-

Промените не се комплетни без промени во општините во Македонија, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во општина Аеродром.

Заев, како и кандидатите за градоначалници на Градот Скопје и на општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, вети проекти и вложувања во инфраструктурата, екологијата, спротот, економијата и во образованието во општината Аеродром. Тој се осврна и на актуелното раководство на општината, за кое рече дека го уништило животот во Аеродром.

– Го уништија животот во Аеродром за пусти пари арамиски. Аеродром, во името го има зборот аеро, воздух, а воздух нема. Јас, кој сум пример за гасификација на општините ви гарантирам гасификација на Аеродром. Јас, кој што сум доказ како се развива економијата, подготвен сум како премиер да работам со локалната власт на економски проекти во Аеродром за младите луѓе да останат во оваа општина – рече Заев.

Тој додаде дека и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му е јасно дека граѓаните продолжуваат да гласаат за промени, кои ќе се случат во цела Македонија.

– Ќе го искоментирам Груевски, кој вели дека економијата паѓала. Не паѓа економијата, паѓа тој. Македонија ќе биде економска оаза – нагласи Заев.

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, истакна дека СДСМ во овие четири месеци покажала каква е разликата помеѓу оваа и претходната власт.

– Ќе градиме со план, нема да има повеќе ликови како Коце Трајановски кои работата по фазонот „Миле ми текна“. Нема повеќе да трошиме на стиропор и на бронза додека градот се задушува во отрови. Скопје мора да стане современ европски град. Темелно ќе го решиме проблемот со загадувањето. Вложуваме во проектот „Скопје – велоград“ и ќе се воведе комбиниран превоз – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...