fbpx

Компанијата „Џенерал електрикс“ заинтересирана за инвестиции во енергетиката

-

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретнале со претставници на „Џенерал електрикс“, предводени од генералниот директор на компанијата за Југоисточна Европа, Гаетано Масара.

Претставниците од оваа компанија посочиле дека постои голем интерес за инвестиции во енергетиката во Македонија и имале позитивни очекувања во однос на иницијативата за нов закон за енергетика.

Заев соопштил дека Владата интензивно работела на воспоставување стабилна деловна и инвестициска клима, која ќе ја гарантира сигурноста и стабилноста на странските инвестиции.

Тој ја истакнал важноста на капиталните инвестиции што државата планира да ги спроведе во енергетскиот сектор, за да ја намали енергетската зависност преку зголемено домашно производство на електрична енергија.

За таа цел, како што информирал, ќе бидат искористени сите природни потенцијали и ресурси што ги поседува земјата, но ќе бидат ставени во целосна функција и сите домашни производствени енергетски капацитети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...