fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев: Со законот се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Македонија

„Со законот за јазици ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, што значи дека законот, во согласност со тоа, ја проширува употребата на јазиците во институциите. На овој начин ќе се овозможи граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик“,  изјави премиерот Зоран Заев во Охрид, откако синоќа Владата го...

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на владата ја претвори државата во еколошка катастрофа

Неспособноста и неажурноста на СДС ја претворија Македонија во една голема еколошка катастрофа, со пожари на секој чекор, каде веќе почнаа да горат и куќи и каде горат и по неколкудецениски дрвја кои се белите дробови на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека Владата на Заев веќе неколку денови не може да изгаси нормални...

Mилошоски: Апелација потклекна на притисоците да се скрие криминалот на Заев

Апелацискиот суд не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на закон и никако поинаку, порача Антонио Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на партиската прес-конференција во врска со одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство...

ВМРО-ДПМНЕ ги повика Заев и Царовска на комисиската дебата за стратегијата за бегалци

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа премиерот, Зоран Заев, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, да присуствуваат на денешната јавна расправа за владината стратегија и акционен план за мигрантите, бегалците и за странците 2017-2027 година на седницата на Комисијата за труд и социјална политика. „Ги покануваме Заев и Царовска да ја објаснат и  да ја образложат својата силна...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за пожарите, Владата тврди дека институциите се на терен

Наместо проекти, гледаме само диви депонии, депонии кои горат, а никој не ги гаси и пожари на речиси секој дел од нашата земја кои СДС не може да ги згасне, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пожарите горат, а владата на Заев се чешла. Неспособната влада дозволи и најмал пожар да се прошири во сериозни размери. Тоа се случи со пожарот во Зрновци, во...

Мицкоски: Заев на Бугарија ѝ даде можност да блокира отворање поглавја од преговорите

Со Договорот за добрососедство Бугарија ќе има можност да го преиспита однесувањето на Македонија на целокупниот пат кон Европската Унија, бидејќи Заев прифати таа да има можност да не дозволи отворање на кое било поглавје од преговорите за членство доколку не се исполнат нејзините цели и позиции, порача денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека тоа значи нови проблеми...

Пенс му пренел на Заев дека за САД е важно да се обезбеди владеење на правото

Премиерот Зоран Заев денеска во Подгорица имал средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Од Владата информираат дека американскиот потпретседател Пенс соопштил дека Македонија може да смета на поддршката од САД и изразил поддршка за политиките на Владата, како и на заложбите на Македонија за членство во НАТО. „Ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, е дека САД стојат зад Република Македонија...

Марковиќ – Заев: Се надеваме дека и Македонија ќе стане членка во НАТО

Премиерот Зоран Заев одржа средба со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, пред почетокот на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој Македонија претседава и е кодомаќин со Црна Гора. - Успехот на новата влада за напредок на Македонија е мотивација за регионот. Капацитетите на владата да ги сработи потребните реформи се видливи. Се надеваме дека и Македонија ќе стане членка...

Заев: Подготвени сме за соработка за земјите од регионот да станат членки на НАТО

Со нашето присуство на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, велиме дека сме подготвени да соработуваме во интерес на граѓаните на нашите држави и низ интеграциските процеси да го донесеме регионот до големото семејство на НАТО, изјави премерот Зоран Заев на воведното обраќање на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој Македонија претседава и е кодомаќин со Црна...

МНР на Франција: Регионалната соработка е важна во процесот на европско приближување

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка што премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, го потпишаа на 1 август, се вели во пишаната изјава на француското Министерство за Европа и за надворешни работи. „Фанција се надева дека овој договор ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат својот дијалог и соработка,...

И НАТО го поздрави Договорот за кој сметаат дека е пресвртница во односите во регионот

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, го поздрави Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. „Договорот потпишан од Бојко Борисов и од Зоран Заев е пресвртница во градењето на односите во регионот во иднина“, напиша таа на нејзиниот твитер-профил. https://twitter.com/Gottemoeller/status/892683666027106305 Договорот помеѓу Македонија и Бугарија го поздравија и  САД, ЕУ и Велика Британија.  

Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, по повод 114-годишнината од Илинденското востание и по повод 73-годишнината од првото заседание на АСНОМ. Премиерот Заев рече дека е потребно да се помират минатото и сегашноста заради иднината на Македонија. -  Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти...

Потпишан Договорот со Бугарија – Борисов и Заев го опишаа како историски чекор

Бугарија од денеска е уште поголем пријател на Македонија и наш сојузник во евроатланската перспектива, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов, по потпишувањето на Договорот за добрососедство и за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија. - Потпишувањето на Договорот за добрососедство и за пријателство со Бугарија покажува дека таму каде што има политичка волја, прашањата...

Заев утре кодомаќин на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба во Подгорица

Премиерот Зоран Заев, заедно со премиерот на Црна Гора, Душко Маровиќ, ќе биде кодомаќин на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што ќе се одржи утре во Подгорица, а на кој ќе учествува и потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Делегациите на земјите членки на Јадранската повелба ќе ги предводат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на...

Заев и Борисов денеска ќе го потпишат договорот за добрососедство

Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев денеска во Скопје со сите државни и воени почести ќе ја пречекаат високата бугарска владина делегација, предводена од премиерот Бојко Борисов. Официјалната церемонија за добредојде на бугарската делегација, која е во дводневна посета на Македонија, ќе се одржи на платото пред Владата, со интонирање на државните химни на Република Македонија и на...

Владата со државни и воени почести ќе ги пречека Борисов и бугарската делегација

Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев утре со сите државни и воени почести ќе ја пречека високата бугарска владина делегација, предводена од премиерот Бојко Борисов, соопшти владината прес-служба. Официјалната церемонија за добредојде на бугарската делегација, која е во дводневна посета на Македонија, ќе се одржи на платото пред Владата со интонирање на државните химни на Република Македонија и...

Заев очекува Зврлевски да биде разрешен пред локалните избори

Премиерот Зоран Заев очекува Собранието уште пред локалните избори го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски и додава дека верува во ефикасноста на законодавниот дом. - Очекувам тоа да се случи дури и пред годишниот одмор на пратениците, бидејќи во спротивно би било банално. Мислам дека процедурите се јасни. Верувам во ефикасноста на Собранието затоа што таа ефикасност во носењето одлуки ќе ја...

ВМРО-ДПМНЕ: Две лица починаа поради негрижата на владата на Заев

За неполни два месеци владата на Зоран Заев дозволи две лица да починат поради нивната негрижа, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Заев и Таравари не се потрудија ниту да обезбедат реагенси за дијагноза на болеста, ниту обезбедија карантин, но затоа дозволија уште неколку лица да се заразат. Владата на СДС единствено се залагаше оваа вест да не стигне до македонската јавност,...

Арсовска: Бизнис-мерките што ги испорачавме се приоритетни, ги баравме и претходно

Владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев изминатиот период оствари средби со претставниците на стопанските комори во државата, за да се запознае со барањата на бизнисмените и да се увиди потребата од носење итни мерки за подобро функционирање на бизнисот. Вчера тие одржаа средба со Стопанска комора на Северозападна Македонија, а претходно имаа деловен појадок со Сојузот на стопански комори...

Полесен пристап до финансии и попис се дел од барањата на СКСЗМ до Владата

Поддршка за рамномерен регионален развој, инфраструктурно уредување на економската зона во Визбегово, неселективна примена на законите, полесен пристап до финансии, попис на населението, транспарентност и отчетност се клучните барања што претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, во име на фирмите - членки, ги претстави денеска пред премиерот Зоран Заев и пред неговиот тим. Премиерот Заев нагласил...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...