fbpx

Заев очекува Зврлевски да биде разрешен пред локалните избори

-

Премиерот Зоран Заев очекува Собранието уште пред локалните избори го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски и додава дека верува во ефикасноста на законодавниот дом.

– Очекувам тоа да се случи дури и пред годишниот одмор на пратениците, бидејќи во спротивно би било банално. Мислам дека процедурите се јасни. Верувам во ефикасноста на Собранието затоа што таа ефикасност во носењето одлуки ќе ја придвижи Македонија кон нејзините цели. Дел од тие цели се конечно враќање на независното правосудство, како една од најзначајните реформи што Македонија и македонските граѓани си ги имаат поставено пред себе – рече Заев при посетата на воениот полигон Криволак, каде се одржува македонско-американската воена вежба „Змеј заштитник 17“, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уште еднаш истакна дека главна цел на Македонија е полноправно членство во НАТО и во Европската Унија.

– Сите во светот знаат кон што е ориентирана Македонија. Уште еднаш ќе потврдам дека ние сакаме соработка со сите земји, но нашата цел е полноправно членство во НАТО и полноправно членство во ЕУ. Тука нема дилеми. Овие вежбовни активности испраќаат една многу вредна порака, а тоа е соработка во обезбедување на севкупниот мир во светот и слободата на сите граѓани во светот – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...