fbpx

Европската зелена партија е подготвена да помогне со експерти за животна средина

-

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со делегација од Европската зелена партија, предводена од Рајнхард Бутикофер, пратеник во Европскиот парламент придружувани од претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Од влада информираат дека, голем дел од состанокот бил посветен на мерките за заштита на животната средина во Македонија и за надминување на постоечките проблеми, како што се големото загадување на воздухот, доделени сомнителни концесии за рудна експлоатација во реони со квалитетно земјоделско земјиште за прехранбени производи, што треба да подлежат на ревизија.

„Здравата животна средина е помеѓу европските приоритети и Европската зелена партија е подготвена да и помогне на Владата со експертизи за надминување на овие состојби во Македонија“, порачал пратеникот и ко-претседател на партијата, Бутикофер.

На средбата се разговарало и за политичката ситуација во државата, подготовките за кредибилни и регуларни локални избори во октомври, како и политиките на Владата за развој на добрососедските односи и на регионалните евроатлантски цели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...