fbpx
Таг: железница

таг: железница

Во меѓуградскиот превоз десет пати повеќе се патува со такси отколку со воз (инфографик)

Наместо со возови и автобуси како што се патува низ цела Европа, нашата земја е меѓу ретките во која такси-превозот пополека постанува главно средство за превоз во меѓуградскиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат дека возовите и автобусите се сè помалку атрактивни за патниците, па така таксистите го земаат приматот и во превозот меѓу...

Од понеделник нови измени во возниот ред на патничките возови

По скратувањето на полицискиот час во земјава, Железници -Транспорт направи нови измени во возниот ред на патничките возови, кои стапуваат на сила од полноќ на 27 април (понеделник). Со направените измени и понатаму нема да сообраќаат возови на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат два воза дневно, со поаѓања од главниот град во 6:23 и...

Превозот на стоки со воз во март намален за околу 20 отсто, нема доцнења на испораката

Железници на РСМ - Транспорт во март 2020 година регистрирале намалување на обемот на превезена стока за околу 20 отсто во товарниот железнички сообраќај, споредено со март 2019 година. Станува збор за првични показатели, а конечните податоци сѐ уште се обработуваат. Сепак, епидемијата на корона вирусот во нашата земја нема директно влијание врз функционирањето на товарниот железнички сообраќај. Кинеската...

Од утре нова измена во возниот ред на патничките возови

Од Железници на РСМ - Транспорт информираат дека од утрешниот ден ќе има нова измена во возниот ред на патничките возови. На релација Скопје-Битола-Скопје ќе сообраќа по еден пар возови дневно, со поаѓање во Скопје во 6,57 часот и во Битола од 10,50 часот. Од Скопје за Гевгелија ќе има еден воз дневно, со поаѓање од Скопје во 6,23...

Во вонредна состојба камионџиите ќе возат подолго и нема да се либерализира железничкиот транспорт

Владата донесе уредба за зголемување на времетраењето на управување со возила во патниот сообраќај за да се овозможи непречен проток на стоки во периодот на корона кризата. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес - конференција информираше дека дневното време на управување со возило се зголемува од 9 на 11 часа, додека на неделно ниво се...

Од понеделник нови промени во возниот ред на патничките возови

Железници на РСМ - Транспорт информира дека од понеделник, 6 април стапуваат на сила новите измени на возниот ред на патничките возови. Со измените останува укинат патничкиот железнички сообраќај на релацијата Скопје-Табановце-Скопје, а возовите Скопје-Кочани-Скопје ќе изостануваат меѓу станиците Велес и Кочани. Од понеделник повторно ќе сообраќаат возовите меѓу Скопје и Битола, но со изменет возен ред. Меѓу Скопје и...

Патничките возови во земјава викендов нема воопшто да сообраќаат

Патничкиот железнички сообраќај во нашата земја викендов целосно ќе замре. Од Железници на РСМ - Транспорт информираат дека поради воведувањето на полицискиот час од 16 до 5 часот во сабота и недела, се врши и времена измена на возниот ред со која патничките возови во деновите од викендот нема воопшто да сообраќаат. Единствен исклучок ќе биде сообраќањето на патничките...

Полицискиот час го измени возниот ред на патничките возови

Железници на РСМ - Транспорт го измени возниот ред на патничките возови во услови на ограничено движење на граѓаните во периодот од 21 до 6 часот. Меѓу Скопје и Табановце, ќе сообраќаат единствено возовите кои главниот град поаѓаат во 6:45 и 16:30 часот, додека од Табановце ќе поаѓаат од 8:05 и 17:45 часот. Другите возови на оваа релација нема...

Покрај камионите, компаниите можат да ги користат и возовите за транспорт на стоки

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес - конференција потенцираше дека Железници на РСМ - Транспорт ги става на располагање капацитетите за превоз на стоки во товарниот сообраќај. Сите товарни вагони од различен тип им се ставаат на располагање на компаниите за увоз и извоз на стоки во нашата земја, информираше министерот Сугарески. Тој посочи дека товарниот...

Корона вирусот го намали меѓуопштинскиот превоз на патници за 60 – 70 отсто

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на вчерашната прес-конференција соопшти дека меѓуопштинскиот превоз на патници е редуциран од 60 до 70 отсто на целата територија на земјава. Меѓународните линии се целосно прекинати врз основа на препораките на Владата, а контролата ја врши Државниот инспекторат за транспорт, се наведува во соопштението на владата. Како резултат на драстично намалениот број на патници...

Железницата заглавена во минатото – поволностите за патување со воз ретко се обновуваат

Владата секоја година дели субвенции за одржување на патничкиот железнички сообраќај, а Железници на РСМ - Транспорт не успева да привлече поголем број на патници во возовите. Лани со македонските возови патувале само 549.000 патници, што е еден од најлошите резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во нашата земја. Математичката пресметка покажува дека во 2019 година со еден...

Корона вирусот го сопре сообраќањето на возот Скопје – Приштина

Три дена по повторното воведување на брзиот воз меѓу Скопје и Приштина, косовската компанија ТРАИНКОС вчера го сопре сообраќањето на возот поради случувањата поврзани со вирусот COVID 19, информираат од Железници на РСМ - Транспорт. Прекинувањето на железничката врска меѓу Македонија и Косово е на неопределено време. По подолго време, овој воз почна да сообраќа на 9 март. Станува...

Од 9 март повторно ќе сообраќа брзиот воз меѓу Скопје и Приштина

Железници на РСМ - Транспорт од 9 март повторно ќе го пушти во функција брзиот воз Скопје - Приштина - Скопје, информираат од ова железничко претпријатие. Возниот ред на возот не е променет, од Скопје ќе поаѓа во 16:10 часот, додека од Приштина ќе има поаѓање во 7:10 часот. Од железничкото претпријатие информираат дека овој воз меѓу двата главни...

ЕУ бара романските железници да ѝ ги вратат 570-те милиони евра помош

Европската Комисија (ЕК) ѝ нареди на романската влада да си ги поврати назад 570 - те милиони евра помош дадени на државното железничко претпријатие за товарен сообраќај „CFR Marfa“, пишува бугарскиот медиум „Капитал“. Од ЕК сметаат дека станува збор за незаконска помош што ѝ е дадена на државната компанија во периодот од над една деценија наназад преку отписи на...

Железницата лани со мал пораст во товарниот превоз, реформите чекаат нова влада (инфографик)

Железници на РСМ - Транспорт лани остварила минимален пораст на обемот на превезена стока во товарниот сообраќај, но каминскиот превоз и понатаму доминира во транспортот на стоки во нашата земја. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека со воз биле транспортирани 1.840.000 тони стока, додека со камиони во 2019 година биле превезени 69.395.000 тони. Во однос на остварените „тонски...

Лани воз користеле само 549.000 патници (инфографик)

Идентично како и претходните две години, 2019 година ќе биде запаметена како една од годините со најлоши резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во земјава. Железници на РСМ - Транспорт лани успеало да превезе само 549.000 патници со воз на домашните и на меѓународните линии, односно за 9.000 патници повеќе во споредба со 2018 година. Малиот процентуален пораст кај...

Меѓу 8 фирми ќе се бира изведувачот на пругата Бељаковце – Крива Паланка

Од 15 компании што доставиле понуди во претквалификациската фаза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) избра осум фирми кои влегоа во втората фаза од меѓународниот тендер за избор на изведувач за пругата Бељаковце - Крива Паланка. Од понудите што ќе ги достават овие компании ќе се избере субјектот што треба да ја реализира втората фаза од железничкото поврзување...

Аеродромскиот воз е приоритетен кај транспортните проекти за кои ќе бараме средства од ЕУ

Министерството за транспорт и врски го стави како приоритетен проектот за воведување на железничка врска од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје на листата на проекти за кои во иднина ќе бараме поддршка од ЕУ и од другите меѓународни финансиски институции. Од ова министерство за „Мета.мк“ велат дека во втората половина на 2019 година до Секретаријатот за Европски прашања...

Наместо да влече напред, железницата ја кочи економијата и транспортот (инфографик)

Од сите земји низ кои минува железничкиот Коридор 10, Македонија во моментов е единствената што нема либерализиран железнички пазар, а со оневозможувањето на сообраќањето на приватни оператори по пругите, нашата земја е главен кочничар за развојот на овој паневропски коридор. Државата со години наназад ги одложува реформите во железничкиот систем, што доведува до огромни издатоци од националниот буџет за...

Бугарија: Либерализацијата на железничкиот превоз донесе корист за компаниите и граѓаните

Железничкиот сектор во Бугарија веќе неколку години наназад функционира со либерализиран пазар. Наместо еден железнички превозник како што е случајот со Македонија, нашиот источен сосед во 2018 година имал дури 15 лиценцирани превозници. Во патничкиот превоз функционира единствено „Бугарската државна железница (БДЖ) - патнички превоз“, додека повеќе од половина од товарниот транспорт го реализираат приватни железнички компании. Бугарскиот професор Симеон...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...