недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: вработување | 113 резултати

Повик за ангажирање на новинар/ка во Новинската агенција Мета

јули 22, 2021

Фондацијата Метаморфозис објавува повик за ангажирање на новинар/ка во редакцијата на Новинската агенција Мета. Кандидатите кои имаат искуство во новинарството, особено во креирање мултимедијални содржини може да имаат предност пред останатите, но одлучувачки фактор ќе биде нивната креативност и ентузијазам. Потребно е кандидатите да имаат дигитални вештини. Исто така, се очекува заинтересираните за работа во […]

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

јули 20, 2021

Европската комисија (ЕК) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) ги здружија силите за поддршка на институциите одговорни за политиката за вработување на младите во земјите од Западен Балкан во воведувањето на Гаранцијата за млади (ГМ). Европската тренинг фондација (ЕТФ), исто така, е партнер во реализацијата на активностите. „Инспирирана од слични шеми од земјите членки на […]

Корисниците сега можат да аплицираат и за вработување преку ТикТок

јули 9, 2021

Апликацијата ТикТок тестира алатка за вработување која ќе им овозможи на корисниците директно, со свои видео-биографии, да аплицираат за работа во компании. За тестирање на пилот програмата наречена „ТикТок Биографии“ (TikTok Resumes) веќе се пријавиле повеќе од 30 компании. Корисниците ќе биде потребно да создадат своја видео-биографија, да ја објават на ТикТок и потоа да […]

Порталб: Секој четврти во земјава кој останал без работа е млад, младите без перспектива

јули 4, 2021

Младите се едни од најранливите категории кога станува збор за работничките права. Стапката на невработеност кај младите во Северна Македонија е една од највисоките во Европа. Пазарот на труд денес бара повеќе вештини и прилагодување кон новите достигнувања, креативност, способност да се размислува на иновативен начин и во таа насока треба да се развие формалното […]

Шахпаска-Демири: Нови шанси за вработување со програмите од Оперативниот план 2021

мај 25, 2021

Од денеска на граѓаните повторно им се достапни програмите и мерките од Оперативниот план 2021, за кои во изминатиот период имаше најголем интерес, информираа на денешната прес-конференција, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири. Тие потенцираа дека граѓаните и работодавачите добиваат уште една дополнителна шанса да […]

Младите најпогодени од пандемијата, 37 отсто од нив имале примања под минималната плата во кризата

март 23, 2021

Во текот на корона кризата, Владата пристапи со “чадор” политики, односно обид да се опфатат што повеќе граѓани, а не со таргетирани мерки за специфични групи кои најмногу трпат од кризата, најдобро да бидат заштитени, потенцираше денес Блажен Малески од Реактор – Истражување во акција, при денешната презентација на документот „Млади во криза 2.0“ на […]

Стартува реализацијата на Оперативниот план за вработување по принцип на еднаквост за сите категории граѓани

март 3, 2021

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година се обезбедува создавање и поддршка за креирање на нови работни места, зголемување на вработеноста кај невработените лица, особено на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на […]

На конкурсот на МВР за 600 полициски службеници се пријавиле 2.964 кандидати

февруари 11, 2021

На објавениот конкурс на Министерството за внатрешни работи на крајот на декември 2020, за вработување на 600 полициски службеници, се пријавиле 2.964 кандидати, од кои 2.365 се мажи. Поради големиот интерес, ќе се зголеми бројката на вработените за 10 отсто, односно ќе се вработат 660 лица. Тоа го соопшти министерот Оливер Спасовски, при денешната посета […]

ХЕРА: Над 90 отсто од Ромките се без или со само основно образование

декември 24, 2020

Невработеноста на жената Ромка е долгогодишен проблем во нашата држава. Само 4 Ромки се вработени на раководни позиции во јавните институции, а на другите, нераководни позиции, тие се застапени со само 0,47 отсто од вкупниот број на вработени. Од вкупно 7.647 лица кои ги користеле активните мерки и услуги за вработување во текот на 2019 […]

МРТ усвои Правилник за вработување, унапредување и распоредување на вработените

ноември 16, 2020

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) на седницата одржана на 11 ноември 2020 година го донесе Правилникот за вработување, унапредување и распоредување на вработените во јавниот радиодифузен сервис. Со овој документ се уредува постапката по која ќе се врши изборот на нов кадар и искачувањето на повисоки работни места на постојниот кадар помеѓу давателите на […]

Меѓународната организација на трудот во Битола реализира прво Локално партнерство за вработување

јуни 18, 2020

Меѓународната организација на трудот (МОТ) го реализира првото Локално партнерство за вработување (ЛЕП) во Битола, во рамки на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“. Со финансиска поддршка од 100.000 евра за спроведување на иновативните идеи за креирање работни места, се очекува развој на 40 нови бизнис идеи, финансирање на 8 старт-апи со доделување грантови, и креирање […]

Пандемијата со Ковид-19 покажа дека најсигурна егзистенција има во државната администрација

април 28, 2020

Пандемијата на Ковид-19 и мерките кои се преземаат за справување со оваа состојба, уште еднаш покажа дека најсигурно работно место, а со тоа и најсигурна егзистенција нуди вработувањето во државната администрација и вработувањето во јавниот сектор, изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ (ТИ-М) во врска со извештајот „Проценка на ранливост од корупција […]

Пазарот е недоволно отворен за вработување на лицата со попреченост

февруари 27, 2020

Пазарот на труд во државава е отворен подеднакво и нуди исти услови за сите оние кои сакаат да најдат работа, барем тоа го гарантираат законските норми. Сепак, беше и сѐ уште е мал бројот на лицата со попреченост кои се вклучени во него и покрај низа грантови, проекти, здруженија и центри за нивно поголемо интегрирање […]

МНР во еден ден распиша огласи за вработување на 14 лица

февруари 10, 2020

Министерствтото за надворешни работи денеска објави девет огласи за вработување на вкупно 14 лица. Во огласите се бараат кандидати за вработување како соработници и референти. Се нуди вработување за работните места: соработник за пошироко соседство, соработник за Централна Европа, соработник за национален визен информациски систем, соработник за акредитации, соработник за Совет на Европа, соработник за […]

Вилма Русковска не си го вработила внукот во скопското обвинителство

јануари 27, 2020

Насловот на текстот „САМО ВИЛМА ИМА ВНУК КОЈ НЕ И Е РОДНИНА: Русковска си го вработува внукот во ОЈО Скопје, Антикорупциска не гледа судир на интереси“ шири дезинформации бидејќи шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска, не си го вработила внукот Зоран Маркоски во ОЈО Скопје, […]

„Че тим ТВ“: Партиски вработувања во јавната администрација (ВИДЕО)

декември 19, 2019

Младите на „Че тим ТВ“ започнаа со објавување нoва серија со кратки видеа.  Темата на првото видео се однесува на вработувањата во јавната администрација, пренесува Порталб.мк. (за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото) Јавната администрација во северна Македонија минатиот период, но и сега е цел на […]

На секои 36 часа ново вработување во локалната самоуправа

октомври 28, 2019

Заклучно со септември, годинава 192 вработувања биле реализирани во локалната самоуправа во земјава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација. Со оглед на тоа што се изминати 300 дена од годината, математиката покажува дека во локалната самоуправа било реализирано по едно вработување на ден и половина односно на секои 36 часа. Анализата на огласите за вработување […]

Војската ќе се подмладува со по 250 нови војници годишно

јуни 20, 2019

По 250 нови војници ќе се вработуваат секоја година, во рамки на трансформацијата на АРМ која почна со Стратегискиот одбранбен преглед (СОП), донесен минатата година, потврди Министерството за одбрана информациите за „Мета“. До утре трае јавниот оглас за прием на 125 професионални војници, првиот контингент регрути за годинава. Минатата година, со три конкурси, беа вработени […]

Нови вработувања во скопската Итна помош по претседателските избори

март 12, 2019

Пополнувањето на медицинскиот персонал на Итната медицинска помош при Здравствениот дом Скопје, се очекува по завршување на претседателските избори, иако досега беа распишани два конкурса. Портпаролот Шпреса Асани за „Порталб.мк“, информираше дека ќе има седум нови вработувања во Здравствен дом Скопје, а во нив и нов кадар за Итната помош. – Имаше два конкурса за […]

Царовска: Високи 95 отсто искористеност на Оперативниот план за вработување лани

јануари 23, 2019

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација, информираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Со него биле опфатени вкупно 6,374 лица, од кои 3.359 или 53 проценти млади лица до 29 години. Царовска како посебно значајна ја потенцираше […]

Страна 2 од 6