fbpx

Пандемијата со Ковид-19 покажа дека најсигурна егзистенција има во државната администрација

-

Пандемијата на Ковид-19 и мерките кои се преземаат за справување со оваа состојба, уште еднаш покажа дека најсигурно работно место, а со тоа и најсигурна егзистенција нуди вработувањето во државната администрација и вработувањето во јавниот сектор, изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ (ТИ-М) во врска со извештајот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“, проект кој го работат со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

„Во една институција може да има повеќе видови на вработени чии права и обврски се уредуваат со посебни прописи, од кои едни се сметаат за административни службеници, едни за даватели на услуги, други за техничко помошни лица. Самата постапка за вработување претставува процес кој е регулиран со повеќе акти, во кој се вклучени повеќе институции. Од јасното и прецизното уредување во материјалните прописи и подзаконски акти и транспарентно и фер спроведување, зависи довербата на граѓаните во институциите и намалување или потполно спречување на ризиците од корупција, влијание, клиентелизам, кронизам во постапките за вработување,“ се вели меѓудругото во извештајот.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска смета дека во рамките на јавната администрација неопходно е да се воспостават правни, но и практични механизами преку кои ќе се уреди процесот на вработување и напредување.

„Овие механизми мора да се засноваат транспарентност и отвореност на постапките, како и на принципите на вредности со цел да се одберат најдобрите кандидати. Во спротивно, непотизмот и партиската припадност повторно ќе доминира при вработувањето во администрацијата,“ додава таа.

И ДКСК и ТИ-М сметаат дека ова истражување уште повеќе добива на значење во овие денови на пандемија од вирусот Ковид 19, кога голем број на вработени ги изгубија своите работни места, а со тоа и своите примања, до степен на загрозена егзистенција која се јавува и како причина за семејно насилство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...